Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кандидатот Кондовски: Битола станува зелен, вело град, со нов мултифункционален спортски центар и технолошки парк

0
By НОВА ТВ on September 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Битола ја замислувам како развиена и перспективна општина во која вреди да се живее, да се работи и создава, тука да се основа семејство, да се твори и спокојно да се старее, град полн со живот, чист и раздвижен, економски развиен, урбанистички современ, инфраструктурно обновен, истакна на вечерашната промоција во Битола кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Битола Христо Кондовски.

Тој нагласи дека ја има досега најдобрата локална изборна програма, која извира од реалните потреби на граѓаните и потребата за севкупен локален развој, не само на градот туку и на руралните области во општината.

Кондовски пред граѓаните ја претстави визијата за поубава Битола со нов сјај и најави бројни проекти, од кои ги претстави топ 10 проектите.

Ќе го ослободиме севкупниот општински потенцијал преку изработка на нов генерален урбанистички план како услов за економски развој и просперитет на Битола, рече Кондовски и најави изградба на подземна сообраќајница и подземна гаража во центарот на градот, модернизација и реконструкција на трите градски сообраќајни влезови во Битола и обнова на локалната индустриска сообраќајна артерија за поттикнување на локалниот индустриско-економски развој.

Кондовски најави дека плоштадот Гоце Делчев ќе добие нов лик, Широк Сокак ќе стане континуирана пешачка зона, Битола ќе биде велоград, ќе добие голем мултифункционален спортски центар и технолошки парк, а за најмладите целосно модернизирана и просторно проширена зоолошка градина со зголемен животински фонд за 20%.

Битола ќе биде зелен град, со зголемени зелени градски површини за 30%, ќе ги развиеме зелените површини на Тумбе кафе и ќе никнат многу нови детски паркови, истакна Кондовски, најавивајќи сибвенции за енергетски ефикасни фасади, велосипеди, плински уреди за возила, како и за набавка на хибридни или електрични возила, а тука се вклопува и планираната гасификација и  топлификација со кои ќе бидат опфатени првите индустриски капацитети и 35 јавни објекти.

Кондовски најави дека во Битола ќе се скија и кога нема снег, бидејќи ски центарот Ниже поле ќе добие современа опрема за заснежување и правење на вештачки снег, а ќе се заменат и трите ски лифтови со нови.

Овие проекти, проследени со десетици други содржани во програмата драстично ќе го подигнат нивото и стандардот на нашето локалното живеење, истакна Кондовски и ги повика граѓаните да гласаат за број 12, за најдоброто за нашата општина, најдоброто за Битола.

Битола кампања СДСМ Христо Кондовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.