Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Капата на Трамп: MRGA – Make Russia Great Again

0
By Marija Todorovska on February 20, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 20, 2025 14:46

Буквално сите ставови на Трамп за Украина се лажни. Тој отиде дотаму што го нарече Зеленски диктатор, затоа што не излегол на избори. Среде целосна инвазија од воена супер сила, во земја што се наоѓа во воена состојба, Путин и Трамп очекуваат од Зеленски да излезе на избори (спротивно на украинскиот устав)!?

Џабир Дерала 

Влегува Јане во редакција утрово и прашува – „Што? Трамп уште не ја нападнал Украина?“ Не, му велам, ќе нападне кога ќе добие команда од шефот, Путин. Овој утрински редакциски црн хумор се надоврза на еден разговор од претходната вечер, кога една универзитетска професорка ми кажа дека трампистите треба да го сменат натписот на своите капи во МРГА – Направете ја Русија величествена повторно (Make Russia Great Again).

Навистина, Трамп на тацна му ја подаде Америка на Путин, американската гордост и демократија… Тој како папагал ги повтори сите лаги на Путин за Украина. Излажа и дека САД одвоиле 350 милијарди долари за Украина. Тоа не е точно – 64 милијарди се. Украинските даночни обврзници ја финансираа својата борба за слобода со 120 милијарди долари. Европа е далеку поголем донатор од САД – во прв ред ЕУ, но и земји надвор од ЕУ како што е нашата земја, која од првите денови е на страната на Украина.

Ова е тажен ден за американската демократија, рече сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс. Мојот омилен историчар, светски познатиот Тимоти Снајдер, постапките на Трамп ги нарече „морално одвратни“. Поранешниот австралиски премиер, Малколм Турнбул, рече дека ова е нов свет на нередот (new world of disorder).

И Турнбул, како и голем број лидери на Европа и светот, безброј опинион мејкери и аналитичари, го осудија Трамп и неговиот тим за предавство и капитулација пред еден воен злосторник, гангстер и диктатор. Трамп ги поддржа сите апсурдни и лажни наративи на Путин. Според него, украинскиот претседател Володимир Зеленски има само 4% поддршка од Украинците. Тоа е руска пропаганда и е обична лага! Рејтингот на Зеленски во моментов е 63%, за разлика од оној на Трамп кој е 47% (според Ројтерс е со рејтинг од 44%).

Прочитајте го прилогот на колегата Мишев во кој стои дека „бројката од 4% Американци со многу позитивно мислење за Путин, кореспондира со лажното тврдење на Трамп дека украинскиот претседател Зеленски има поддршка кај Украинците од 4%“. Зеленски е попопуларен од Трамп дури и во самата Америка! Ги измешал коцките човеков. Или, што е поверојатно, само безобразно и грубо лаже, надевајќи се дека олигарсите ќе му помогнат да ги смени алгоритмите во своја корист.

Да не набројувам. Буквално сите ставови на Трамп за Украина се лажни. Тој отиде дотаму што го нарече Зеленски диктатор, затоа што не излегол на избори. Среде целосна инвазија од воена супер сила, во земја што се наоѓа во воена состојба, Путин и Трамп очекуваат од Зеленски да излезе на избори (спротивно на украинскиот устав)!? По неговата логика, испаѓа дека Путин, Лукашенко и сличните, со по 20 и повеќе години неприкосновена власт и серија тотални изборни кражби се – демократи.

Оваа ситуација можат да ја надминат самите Американци. Сега е ред на нив да се справат со оваа закана. Ако поради ништо друго, тогаш поради доброто на американската демократија.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

диктатор Зеленски Лаги Путин Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.