Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каракачанов со критики за Комисијата меѓу Бугарија и С. Македонија за Гоце Делчев

0
By Нова ТВ on June 9, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: bnr.bg
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ВМРО и бугарски вицепремиер, Красимир Каракачанов, ја критикуваше меѓусекторската комисија на Бугарија и Северна Македонија, која треба да ги расчисти историските и образовните прашања меѓу двете земји. Тој тврди дека Комисијата „заглавила“ кога дошло на ред прашањето за животот и делото на Гоце Делчев.

Во соопштение до медиумите, ВМРО вели дека „Скопје не сака да признае дека Гоце Делчев е Бугарин, факт што бил очигледен, документиран и признат лично од него“. Според Каракачанов, македонските политичари сугерирале Комисијата да се обедини околу одлуката дека Гоце Делчев е деец на македонското ослободително дело, кој бил почитуван и од народот на Бугарија, пренесува бугарски „Дневник“.

На состанокот во Скопје во петокот, Комисијата расчисти со прашањата за античката историја. Направен е сериозен исчекор за средновековната историја, а се разговараше и за заедничка прослава на Гоце Делчев. Каракачанов вели дека како датум за заедничка прослава се предлага 7 октомври, денот кога коските на Гоце Делчев биле предадени од страна на комунистичките власти во Софија на Скопје. Според него, нема намера за заедничко одбележување на раѓањето и смртта на Делчев.

„За мене, ваквиот предлог е нескриен потсмев, што всушност го минира процесот на подобрување на односите меѓу двете земји. Досега, процесот со Скопје главно се должи на великодушноста на Софија и посветеноста на меѓународните фактори. Но, очигледно е време Бугарија да ја зацврсти својата позиција, слично како што направи грчката страна“, вели Каракачанов.

Скопје се надева дека работата на заедничката Комисија, како што оценува Каракачанов, ќе легитимира некаква компилација од измислици, испреплетена со научни факти.

„Ако продолжи ова, бугарската делегација мора да стане од масата со сите можни последици за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и НАТО. Вината за тоа нема да биде наша“, рече Каракачанов.

Двајцата копретседатели на Комисијата, проф. Драги Георгиев и проф. Ангел Димитров, на 7 јуни објавија дека има „одредени места” во историјата на Гоце Делчев, за кои се согласуваат, но и такви за кои не се согласуваат. Темата ќе се дискутира на состанокот на Комисијата во Софија во септември.

Бугарија Гоце Делчев Историја комисија Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.