Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каранфилова Пановска: Власта нема желба за исчекор во европските интеграции и земјата е ставена во авто блокада

0
By Zoran Ivanov on May 11, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 11, 2025 18:52

Европа не е само некаков симбол, туку реална можност за подобар живот, но власта нема желба за исчекор во европските интеграции и земјата е ставена во авто блокада, порача заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, на трибината „За Европа сега и одма“ којашто ја организираше Социјалдемократската младина во Куманово.

Европската унија нуди средства преку Планот за раст и реформската агенда, кои се дополнителни на средствата од ИПА фондовите, зошто да не ги искористиме, праша таа.

Овие средства се наменети за реформи, инвестиции и приближување на стандардите на работење до оние на ЕУ, со цел да не ни се случува одлив на мозоци, општините да ни бидат почисти, институциите функционални, образованието и здравството подобри. Зошто да земеме унгарски кредит од една милијарда евра кој што ќе треба да го враќаме со камати, а не знаеме под какви услови и колку се вкупните трошоци од тој кредит. А притоа да не ги користиме парите од европските фондови кои се дуплирани за овие три-четири години со Планот за раст, рече Пановска.

Заменик претседателката повика на одговорност од сите политички актери додавајќи дека процесот на пристапување и преговорите со ЕУ, согласно преговарачката рамка, Македонија може да ги заврши за три до четири години доколку има политичка волја за напредок.

Владата на СДСМ во периодот 2017–2024 година успеа да го обезбеди следниот чекор – отворање на пристапните преговори и продолжување на процесот на пристапување на државата. Но за жал тој процес сега е во стагнација. Имаме владејачко мнозинство коешто е речиси 2/3 и може да го направи исчекорот и да продолжиме во преговорите. Но ние сме ставени како држава и како граѓани во една авто блокада. Не се разумни стравовите од продолжување на патот кон Европската унија, целата таа приказна се користи односно се злоупотребува за политички поени на сегашната власт,рече Каранфилова-Пановска.

Каранфилова-Пановска предупреди дека ако не го направиме потребниот чекор, ризикуваме да останеме заглавени со Косово и Босна и Херцеговина, додека Албанија и Црна Гора напредуваат кон членство во ЕУ.

СДСМ останува посветен на европската интеграција и ги повикува сите политички чинители да дадат придонес во овој процес за доброто на граѓаните и иднината на државата.

 

блокада ДПМНЕ ЕУ интеграции каранфиловска пановска СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.