Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каримов во критична состојба, иднината на Узбекистан неизвесна

2
By Светлана Јовановска on September 2, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 2, 2016 11:11

Владата на Узбекистан соопшти дека претседателот Ислам Каримов, 78 години, е во болница и дека неговата состојба е критична.

“Драги сограѓани, со тешко срце ве информираме дека здравјето на нашиот претседател сериозно се влоши и, според лекарите, тој е во критична состојба”, соопшти владата во петокот наутро.

На 29 август Ташкент соопшти дека претседателот на Узбекистан Ислам Каримов е во болница откако имал мозочен удар. Но многу руски и узбекистански независни извори тврдеа дека Каримов починал но веста се крие додека се бара неговиот наследник.

Узбекистан славеше 25 години незвисност на 1 септември но овој пат лидерот не се појави на прославата.

Но, според Gazeta.ru, информациите за здравстените проблеми на претеседателот одамна циркулираат во јавноста, во регионалните медиуми и на интернет. На сајтот на опозициското движење Народно движење на Узбекистан, 79-годишниот претседател починал од инфаркт откако испил големо количество алкохол за време на еден банкет организиран во чест на успехот на узбекистанските спортисти на Олимписките игри во Рио.

Бројни шпекулации можат да се прочитаа на повеќе медиуми. Сајтот на опозицијата Fergana.ru тврди дека од четвртокот во Самарканд, родниот град на Каримов, започнале интензивни активности за погреб.

Пост-Каримов периодот започна

Се чини дека пост Каримов периодот е веќе започнат во Узбекистан. Претседателот ја водеше оваа екс советска република 26 години. Тој беше најстариот претседател на Заедницата на независни држави по распадот на СССР заедно со неговиот колега од Казахстан Нурсултан Назарбаев.

Големото прашање кое го загрижува регионот но и меѓународната заедница е кој ќе го наследи Каримов. Неговото долгогодишно раководење со државата беше диктаторско но тој беше еден вид гарант за стабилноста на регионот.

Во еден период се чинеше дека неговата ќерка Гулнара би можела да го замени на функцијата. Но, со нејзината екстравагантост, луксузниот начин на живот и политичко-финансиските и семејни скандали во кои таа беше вовлечена го натераа Каримов да ја тргне од кругот на неговите најблиски соработници.

Gulnara Karimova FB

Кој ќе го наследи Каримов?

Предизвикот на пост Каримов периодот е значен на внатрешен и надворешен план. Тој не именуваше свој наследник во оваа земја која е голем извозник на памук и која се граничи со Авганистан. Борбата на можните наследници во политичката елита е веќе започната.

1042640588

Шавкат Мирзаев

Како можен наследник се споменува името на премиерот Шавкат Мирзаев, неговиот заменик Рустам Азимов но и Рустан Иноjатов кој има 72 години и кој се смета за одговорен за смртта на 300 до 500 демонстранти за време на протестите во Андиџан во 2005 година. Ова крвопролевање го изолираше Каримов во меѓународната заедница.

98030898a0fe1ac0fbf4da017beb652a_400x400

Рустам Азимов

45328F47-FE5E-4DE7-9CFD-4C74D704B1FA_w640_r1_s_cx11_cy8_cw44

Рустан Иноjатов

Според западните експерти, луѓето што се споменуваат како наследници на Каримов нема да бидат ништо подобри од него а некои можеби и полоши.

Узбекистан игра значајна улога во стопирањето на исламистите во екс советските републики и на талибанците во Авганистан. Познато е дека тоа причината поради која САД инсталираа воена база во оваа земја.

Радикални исламисти би можеле да дојдат на власт

Во оваа земја од 32 милиони жители многумина очекуваат повеќе демократија но сосема е можно на власт да дојдат и радикални исламисти бидејќи се смета дека само Каримов бил способен да ја заштити земјата од нив.

Според руското разузнавање, повеќе од 500 Узбекистанци заминале да се борат во Сирија и Ирак во редовите на терористичката организација Исламска држава па нивното враќање во Узбекистан ја загрижува меѓународната заедница.

Каримов е роден на 30 јануари 1938 година во сиропиталиште но успеал да ги мине сите партиски скалила на Комунистичката партија на СССР и да застане на чело на Советската Република Узбекистан. По независноста во 1991 година тој успева да остане на власт со елиминирање на сите негови противници.

Неговото владеење во Узбекистан беше остро критикувано од организациите за човекви права и слобода на медиумите кои тврдеа дека Каримов ги местел изборите, ги ставал во затвор сите негови противници и дека во узбекистанските затвори тортурата била секојдневие.

Ислам Каримов Узбекистан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.