Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Касами попладнево на средба со Заев

1
By Нова ТВ on January 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 9, 2018 15:33

Не постојат две движења Беса, има само едно које работи согласно одлуките донесени на состанокот на Централниот совет во Тетово на 6 јануари годинава, изјави на денешната прес-конференција во Скопје лидерот на движењето Билал Касами.

– Апелирам до сите, ако навистина се дел од движењето Беса, да дојдат и да ги претстават кандидатурите за лидер на партијата согласно определените рокови, да направиме една здрава и демократска трка. Секој што мисли дека има мнозинство во партиските структури може слободно да се кандидира на Конгресот за да стане претседател на движењето Беса, изјави Касами.

Посочи дека ќе се кандидира за претседател, но дека тоа не му ја гарантира победата и за тоа ќе одлучат делегатите на партијата.

– Нема скопски и тетовски огранок. Движењето Беса има 30 ограноци низ целата држава и сите се во линија на движењето Беса согласно статусот. Нема раскол, има луѓе кои не се задоволни. Затоа ги охрабрувам во процесот да се придржат до статутарните норми, изјави Касами.

Прашан дали ќе има средба со премиерот Зоран Заев, Касами рече дека е заеднички договорена средба денеска во 18 часот во Владата.

– Тоа нема врска со последните случувања. Средбата е договорена претходната недела, изјави Касами.

Тема на средбата, посочи дека се реформите и поддршка на реформскиот тек на Владата во Собранието, каде Движењето Беса има пет пратеници.

Прашан дали е можна коалиција со Владата, рече дека тоа е динамички процес и дека секогаш има можност за влез и излез, но во моментот тоа не е тема.

Во однос на наводите на пратеникот Каремани за закани по живот, Касами рече дека не одобрува никакво насилство и Каремани ја има неговата поддршка и поддршката на членовите на Беса, и дека таквите надводи треба да ги решат органите на редот.

Беса Заев Касами
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.