Каталонските пратеници денеска ќе избираат нов лидер на шпанската покраина Каталонија.
Кандидатот за оваа функција Карлес Пуџдемон се наоѓа во Брисел, а централната влада во Мадрид се обидува да го блокира неговиот избор, бидејќи по него е распишан налог за апсење, можно е штом дојде на територија на Шпанија да биде уапсен.
Ако тој биде избран, а не се врати во Каталонија, парламентот ќе треба да избере друг кандидат.
Со Каталонија последните три месеци управува Мадрид, откако шпанскиот премиер Маријано Рахој го смени Пуџдемон поради еднострано донесената декларација за независност.