Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каталонија прогласи независност

20
By Светлана Јовановска on October 27, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Каталонскиот регионален парламент прогласи независност од Шпанија.

Гласањето беше 70 за и 10 против, а беше бојкотирано од опозициските пратеници.

Шпанскиот премиер конзервативецот Мариано Рахој утринава побара од Сенатот дозвола да го смени претседателот на Каталонија Карлес Пучдемон и целата влада на овој регион.

Мариано Рахој во шпанскиот Сенат

Рахој побара “смена на претседателот на регионот Каталонија, потпретседателот и советниците” на регионалната влада. Говорот на Рахој беше пропратен со аплауз на сенаторите од кои најголем дел се членови на Народната партија на Рахој. Целта на ова барање е да се дозволи одржување на регионални избори во следните 6 месеци.

Мерката е без преседан во последните 40 години во Шпанија и значи дека Мадрид ќе раководи со Каталонија.

Мирен отпор на Каталонците

Нема сомнение дека оваа драстична мерка на Мадрид ќе донесе силен отпор во Каталонија, но отпор кој биде мирен и ќе се состои од граѓанска непослушност. Каталонија е силно приврзана на својата регионална автономија што ја доби по падот на диктатурата на Франко во 1975 година.

 

Мерките се однесуваат не само на смена на регионалната влада туку и на полицијата и каталонските аудио-визуелни медиуми.

На овие најави веќе реагираше Европската федерација на новинари која побара од Мадрид да не се меша во независноста на медиумите.

Повеќе организации во Каталонија, поддржувачи на независноста, ги повикаа граѓаните на протести со слоганот: “Републиката чека, треба да ја браниме”.

Народната партија на Рахој не е многу популарна во Каталонија кадешто на последните избори доби нешто повеќе од 10 проценти гласови. Новите мерки ќе придонесат за намалување на рејтингот на оваа партија во Каталонија. Според многу набљудувачи, овие мерки ќе го зајакнат барањето за независност и кај оние Каталонци кои не се приврзаници на осамостојувањето.

Мерките на Мадрид се “агресија”

Пучдемонт веќе изјави дека мерките на Мадрид во себе кријат “желба за одмазда” на државата кон непослушниот регион. Тој вчера одби да свика регионални избори со што практично ја затвори портата што можеше да води во дијалог помеѓу двете завадени страни.

Каталонскиот Парламент денес го даде својот одговор на мерките на Мадрид. Сепаратистичките партии, и од левата и од десната страна на политичкиот спектар, кои имаат 72 пратеници од вкупно 135, мерките на Мадрид ги сметаа за “агресија”.

Каталонија е најбогатиот шпански регион и учествува со 20 проценти во шпанскиот бруто внатрешен производ а еден и од најбогатите во ЕУ.

Засега ЕУ одлучи да не интервенира во оваа криза сметајќи дека станува збор за внатрешна работа на Шпанија. Но загриженоста на ЕУ за настаните во Шпанија е голема.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој претходно изјави во Сенатот дека е враќањето навладеење за враќање на “законот, демократијата и стабилноста” во Каталонија.

автономија Каталонија Мадрид независност Рахој
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.