Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кацарска бара итно да се изберат четворица уставни судии: 16 предмети од државен интерес чекаат одлука

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Добрила Кацарска предупреди на уставна криза
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 7, 2022 13:19

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, денеска испрати писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери, во кое изрази загриженост за состојбата со намалениот број на судии и побара претседателот, да го заложи својот авторитет и во Собранието да се изберат нови четворица уставни судии во најскоро време.

Во писмото, Кацарска наведе дека е отежнато фунционирањето на Уставниот суд поради тоа што во него има само петмина судии, иако Уставот предвидува полниот состав на Судот да биде со девет судии.

Кацарска наведува дека таквата состојба влијае при одлучувањето кога често се случува предлогот да не го добие потребното мнозинство, поради што во моментот за 16 предмети не може да се донесе одлука поради недоволно мнозинство. Кацарска додава и дека пред Судот треба да се разгледуваат предмети кои се од врвен интерес за државата, а за кои е потребно да се одлучува во полн состав со што одлуките би имале поголема тежина.

„Верувам дека сте информиран за оваа ситуација и се надевам дека веќе се бара решение за избор на нови четворица уставни судии. Затоа, Ви се обраќам лично да го заложите Вашиот авторитет како претседател на Собранието и заедно со Вашите колеги да изберете нови уставни судии. На крај, дозволете ми да изразам надеж дека Вие и пратениците непосредно избрани од граѓаните, ќе се вложите максимално за процесот на предлагање и избор на судии да се заврши што поскоро со што би се зачувала функционалноста на Уставниот суд“, додава Кацарска во писмото до Џафери.

Уставниот суд  е орган што ја штити уставноста и законитоста во Македонија. Составен е од девет судии избрани од Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Мандатот на судиите трае девет години без право на повторен избор.

кацарска Собрание уставни судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.