НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе дознаеме ли кој и зошто си „играше“ со приватните разговори на ДУИ

3
By Нова ТВ on October 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како приватните разговори помеѓу претставници на ДУИ завршија на интернет? Кој ги пушта овие снимки и за какви цели и дали истрагата на надлежните ќе заврши со успех. Овие прашања се тема на новата анализа на Порталб и НОВАТВ. За албанска верзија кликнете овде.

Пишува: Џенис Сулимани

Приватни разговори осамнаа на каналот „Јутјуб“, а во нив можеа да се чујат гласови кои наводн припаѓаат на членови на високото раководство на ДУИ и нивни функционери во институциите. Претходно, и други приватни разговори на бизнисмени и новинари се најдоа на овој канал во разговори кои немаат ништо заедничко со јавниот интерес: oд трач-муабети до сензитивни интимни разговори, но не и корупција, криминал или нешто што засега 2 милиони граѓани на Македонија.

Дел од засегнатите страни веќе се обратија до надлежните институци во Македонија да преземат мерки за нивно спречување. Експертите велат дека никој не може да биде сигурен, и дека објавувањето на незаконските материајли можеби е поврзано со лични или политички пресметки на политичките и бизнис круговите. Надлежните органи се обврзаа за целосно расветлување на настанот, додека политичките партии се обвинуваат меѓусебно за уцени.

Специјалното обвинителство истражува

Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети, на социјалната мрежа „Фејсбук“  истакна дека дека се обратила до надлежните институции и дека од истите очекува соодветна реакција.

Оваа информација му ја предадов и на Специјалното обвинителство, но и на министерот за внатрешни работи (од опозицијата). Информацијата му ја предадов на заменик министерот за внатрешни работи, Нухиу, и на заменик директорот за јавна безбедност, Дехари, напишта Мехмети.

Се работи за противзаконски активности. Јас не се бавам со такви активности. Постои Јавно специјално обвинителство, изјави за Порталб поранешниот вицепремиер Муса Џафери, кој исто така се најде во разговорите. Тој не сакаше да коментира дали се сомнева во некого и дали постои основан сомнеж дека станува збор за политички пораки или закани упатени на овој начин.

СЈО потврди дека е покрената постапка за жалбата на пратеничката Ермира Мехмети во врска со аферата за прислушување.

„Ги примивме жалбите. Материјалите се веќе испратени до меѓународни институции за нивна експертиза“, изјави за Порталб портпаролката Ленче Ристовска.

Иако Министерството за внатрешни работи тврди дека презема соодветни мерки за расчистување на предметот, досега ништо не е направено.

„Во однос на снимките кои циркулираат изминатите денови, МВР ги презеде сите неопходни мерки кои се во негова надлежност. Додека Јавното обвинителство, вчера нареди да се отстранат снимките од социјалните мрежи. Ќе се проверуваат ИП адресите со цел да се открие кој ги објавил овие материјали“, изјави за МВР Тони Ангеловски.

Од Јавното обвинителство за Порталб потврдија дека работат на расветлување на случајот.

Меѓутоа, од Дирекцијата за заштита на личните податоци тврдат дека немаат примено жалби од лицата посочени во аудиоснимките коишто циркулираат незаконски.

„Ние од Дирекцијата за заштита на личните податоци немаме запишано прием на жалба за директно кршење на заштита на личните податоци поврзано со незаконски прислушуваните разговори“, потврдија за Порталб од дирекцијата.

Доколку физичко лице оцени дека има злоупотреба на личните податоци  или кршење на правото, поврзано со законитоста при обработка на податоците, треба да се обрати во комисијата и да пополни формулар за тие потоа да можат да постапуваат.

Во Член 2 од Законот за заштита на личните податоци стои:

„Заштитата на личните податоци му се гарантира на секое физичко лице без дискриминација врз основа на национална припадност, раса, боја на кожа, верски убедувања, етничка припадност, пол, јазик, политичко убедување, место на раѓање, образование, социјално потекло, државјанство, место или вид на престој или било кое друго својство.“

Експерти:Можно е да прави политичка пресметка

Универзитетскиот професор Владимир Пивоваров оценува дека истрагите може да дадат резултати врз основа на ИП адресата од каде се постирани.

Нам како граѓани не интересира кој ги објавил материјалите и која е целта на објавувањето. Ова ќе се докаже откако ќе заврши истрагата. Засега знаеме дека материјалите од прислушувањата се предадени на Специјалното Јавно Обвинителство од опозицијата. Од друга страна, најголемиот број „бомби“  во моментот кога се прислушувале телефоните ги имало МВР. Има многу адреси од каде може да се дистрибуираат. Една од можните причини е да се дестабилизира политичката ситуација и одложување на изборите на 11 декември, ова го велам само како претпоставка, објаснува Пивоваров.

Според него, никој не е наивен да поверува дека сите материјали од прислушувањето се уништени. Тој смета дека копии од материјалите се останати и тие во секое време може да се искористат.

Според  експертот за ТИ Дамјан Георгиевски, за заштита на приватноста постојат технологии за безбедна комуникација, но тие не се многу достапни за користење.

„Поради ова и ги нема многу во населението. Прашањето за масовно следење на телекомуникациите треба да се регулира со закон, што постои кај нас, и со надзор над сите тие коишто се во позиција да вршат такво прислушување, како што се Компаниите за мобилни услуги, интернет провајдерите и полициските служби, коишто имаат пристап до овие технологии„- истакна за Порталб Георгиевски.

 

Реакциите на политичките партии:

Од Демократската Унија за Интеграција ги повикуваат надлежните институции да го расветлат случајот.

„Ова е уште еден доказ дека целиот процес е компромитиран и ги повикуваме СЈО, Јавното обвинителство, МВР и Дирекцијата за заштита на личните податоци, да преземат мерки за заштита на личните податоци, односно да ги преземат потребните мерки со цел да си ја извршат својата должност“, велат од ДУИ.

„На 30 декември 2015, ние ги предадовме разговорите. За конкретните разговори треба да го прашате СашоМијалков, Никола Груевски, Горан Грујевски за тоа од каде се појавија овие снимки?! Претпоставувам дека тие имаат двапати или трипати повеќе разговори од тие што ние ги имавме и што ги предадовме на СЈО“, изјавил СДСМ, Зоран Заев.

„Кај Захир Беќири Чауш беа пронајдени 70 илјади разговори сокриени под кревет. Фактички се открија врските на Чауш со криминални струи надвор од Македонија. Во меѓувреме, негови фотографии со водството на СДСМ и криминалот што го извршил со партиска наредба, се веќе видени од пошироката јавност“, нагласија од ВМРО-ДПМНЕ.

Овие анализи се дел од заедничката соработка на Порталб и НОВАТВ. 

бомби Ермира Мехмети Муса Џафери СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.