Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе го издржи ли интернетот времето на коронавирусот?

0
By Нова ТВ on April 4, 2020 СВЕТ
Фото: bgr.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Швајцарската влада се заканува дека ќе го исклучи „Нетфликс“ и други слични понудувачи. Најголемиот понудувач на интернет во земјата „Свиском“ пред неколку дена предупреди дека мрежата ќе биде преоптоварена. Тоа е нуспојава на вирусот и мерките на изолација – сите се дома од каде работат или гледаат видео-содржини за разонода.

Загриженоста расте и во Европската Унија (ЕУ). Комесарот за заеднички пазар Тјери Бретан бара од големите понудувачи да разгледаат како може да се заштеди проток на податоци. На тоа веќе реагираа „Нетфликс“ и „Јутјуб“ со тоа што го намалија квалитетот на сликата во Европа.

Фото: business-standard.com

Јутјуб во наредните 30 денови дозволува гледање видеа само во стандарден квалитет (SD) наместо во висок (HD). Нетфликс за четвртина го намали количеството на податоци што го пренесува, но не е преминат сосема на SD, туку го прилагодува квалитетот на моменталната оптовареност на локалната мрежа. Тоа значи дека некои претплатници на оваа платформа ќе забележат дека сликата е полоша, додека други нема да забележат ништо.

Подобар квалитет на сликата бара повеќе пиксели, а тоа значи повеќе податоци. Затоа HD овие денови станува луксуз.

Германија не е загрижена

Според пишувањето на медиумите, Франција веќе барала од „Дизнида“ го одложи покренувањето на платформата „Дизни+“ , која од утре би требало да нуди содржини како „Нетфликс“.

Во Германија сè уште нема такви грижи. Во Франкфурт се наоѓа еден од најголемите интернет-јазли во светот DE-CIX. Засега е регистрирано зголемено користење на интернетот за 10 отсто, но тое сè уште не е алармантно. Кога сите капацитети би биле искористени, брзината би паднала на 9,1 терабајти во секунда, вели Харалд Зума, шеф на управата на интернет-јазолот во Франкфурт.

„Овие 9,1 терабајти се најголемо оптоварување кое сега можеме да го имаме на мрежата, а во моментот протокот е 41 терабајти, што значи има уште многу простор“, вели тој.

Дека во Германија нема причини за загриженост вели и Доротеа Бер, која во Канцлерамтот е задолжена за дигитализација.

„Дури и кога се’ би било вклучено, кога сите во Германија би работеле од дома и паралелно би гледале преку интернет фудбалско првенство, дури и тогаш ќе има доволно капацитети“, вели таа.

Во DE-CIX во Франкфурт немаат податоци кои точно содржини се користат повеќе, но знаат дека користењето видеа е зголемено за 50 отсто. Тоа не е резултат само на зголемено гледање филмови и серии, туку има и повеќе видео-конференции преку платформи како Скајп или Зум, а повеќе се играат и видео-игри.

„Гледаме дека луѓето сега порано почнуваат со користење интернет. Вообичаено врвот е помеѓу 20 и 21 часот, а сега почнува веќе во 10 часот. Гледаме дека однесувањето на луѓето на другиот крај на мрежата е значително променето“, вели Зума.

Тој додава и дека по зголеменото користење интернет се гледа кои области во светот се посебно силно погодени од епидемијата. На пример, во Мадрид сега се пренесуваат 60 отсто повеќе податоци од вообичаено.

интернет Коронавирус мрежа Слика трансфер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.