Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе има одговорност за пропустите за автопатот Кичево – Охрид

0
By Нова ТВ on October 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска најави дека мора да има одговорност за пропустите при изградбата на автопатотот Кичево-Охрид за кој Владата и изведувачот на градежните работи кинески „Синохидро“ преговараат за склучување анекс на постојниот договор. Се преговара за продолжување на рокот за изградба кој истекува на 31 јануари следната година и за утврдување на дополнителните трошоци за изградбата.

– Иако има шпекулации за над 140 милиони евра се уште не може да се  каже бидејќи се преговара. Не се откажуваме  од изградба на автопатот, но одговорност мора да има бидејќи станува збор за сериозна количина пари кои ќе треба да се обезбедат најверојатно од Буџетот на државата. Дали преку кредити или директно од Буџетот на РМ факт е  дека автопатот мора да се гради исто како и автопатот Миладиновце – Штип, изјави Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања на свеченоста по повод 68 години од основањето на Градежниот факултет во Скопје.

Сугарески истакна дека се прават напори навреме да бидат завршени преговорите за да има и динамика  на работа и на плаќање. – Да не правиме нарушување во стопанството бидејќи очигледно со секое задоцнување и дали преку  пенали и оштетни побарувања  државата има штета, а исто така и компаниите кои работат, рече Сугарески.

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид, во должина од 57 километри, според сегашниот договор, чини 374 милиони евра.

Со анекс договор Владата и „Синохидро“ го продлжија до 30 септември следната година и рокот за изградба на автопатот Миладиновци-Штип, а кој требаше да биде завршен до мај годинава.

автопат Кичево- Охрид Горан Сугарески одговорност пропусти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.