Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе има правна разврска за смртта на млад Ром во затворот во Штип

0
By Нова ТВ on April 5, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 5, 2017 16:23

Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) од Будимпешта во период пократок од еден месец нотира уште еден случај на сомнителна смрт на младо момче од Ромска етничка припадност во затвор во Македонија и за случајот ќе покрене соодветна судска постапка, соопштуваат од ЕЦПР. Организацијата најавува дека ќе обезбеди правна подршка на семејството Јусинови и истовремено врши мониторинг на случајот преку свои теренски работници.

„Доколку случајот не биде навремено и ефикасно разрешен, гарантираме дека бруталноста, неодговорноста, расизмот и дискриминацијата од страна на инволвираните страни ќе бидат изнесени пред домашните судови, како и пред Европскиот суд за човекови права“, велат од ЕЦПР.

Младиот Јусинов Ердал(25) почина на 22 март во затворот во Штип, наречен  “Шести” откако, наводно, со часови бил лишен од навремен медицински третман. Јусинов почина на 25 годинишна воздраст. Тој е татко на две малолетни деца од три и една година,  а бил осуден на едногодишна затворска казна поради извршена кражба.

Според сведочењата, здравствената состојба на починатиот неколку недели пред неговата смрт била одлична и истот не бил под подложен на посебен медицински третман, ниту пак имал потреба од посебна медицинска грижа во деновите пред неговата смрт.

„До ЕЦПР стигнаа информации за обвиненија од страна на најблиските роднини и пријатели на Јусинов, како и од страна на блиски извори до семејството Јусинови од самиот затвор во Штип дека починатиот бил малтретиран од страна на затворските чувари и лекарите непосредно пред неговата смрт. Истиот, наводно, не добива доволно храна бидејќи затворските чувари ја одземале од него. Ден пред неговата смрт Јусинов се пожалил на затворскиот лекар на болки во главата и забоболка. Лекарот, наводно, го наклеветил Јусинов за лажирање на неговата здравствена состојба, и во истата прилика го навредил нарекувајќи го “копиле” и “циган”, по што истиот одбил да го лекува. Семејството Јусинови тврди дека во телефонски разговор со нивниот син неколку дена пред неговата смрт, истиот ги информирал дека на 17-ти март, лекарот му дал неколку необележани таблети на рефус, кои Јусинов ги конзумирал деновите непосредно пред неговата смрт. Очевидци контактирани од страна на ЕЦПР тврдат дека не се во можност да сведочат во корист на починатиот поради страв од одмазда и дополнителни последици по нивниот живот и слобода од страна на затворските власти„, стои во известувањето од ЕПЦР.

Јусинов Ердал почина во 1:30 часот, во затворот во Штип. Во телефонски разговор во околу 3:00 часот семејство Јусинови биле известени за трагичниот настан, од страна на пријателите на Јусинов во затворот, но не и од страна на затворските служби. Веднаш по добиената вест, братот на починатиот се упатил кон затворот за да дознае и види што се случило со Ердал, но, наводно, истиот добил закани од страна на затворската полицијата дека доколку инсистира да го види телото на неговиот починат брат, ќе биде брутално претепан. Притоа, му било наложено да го напушти затворот и да се вратат по телото на починатиот по пет часа.

Семејството Јусинови забележале повреди, оток околу челото и крвавење на починатиот, во моментот кога им бил дозволен увид на телото. Несомнено, сведоштвата на блиските на починатиот укажуваат на сериозни аномалии и недостатоци во однесувањето на затворските служби и лекарите. Тој, наводно, не добил медицинска помош цели четири часа пред неговата смрт, по што починал во услови кои јасно коинцидираат со неодамнешниот трагичен настан во скопскиот затвор Идризово на 11 март, во кој животот го изгуби 21-годишниот Ром, Андриас Реџепов, велат од организацијата.

“Се повеќе и повеќе станува очигледно дека согласно македонските затворски власти животите на Ромите вредат помалку од оние на не-Ромите. Одбивам да дозволам смртта на Јусинов Ердал да биде претставена единствено како уште еден “несреќен случај” во статистиката на пропусти во македонскиот затворскиот систем. Истотака, одбивам смртта на младиот Андриас Реџепов која се случи минатиот месец да биде само уште еден пример на трагичен настан кој не можел да биде навремено спречен. Прераното згаснување на животите на овие млади луѓе и претрпената болка и загуба на нивните семејства, заслужуваат целосна и соодветна истрага од страна на надлежните институции во државата. Ние со сигурност ќе се потрудиме ова прашање да не биде игнорирано од страна на македонските власти. “, изјави претседателот на ЕЦПР, Ѓорѓе Јовановиќ.

ЕЦПР инсистира сите надлежни државни органи и институции темелно да го испитаат случајот, официјално да се произнесат во однос на објективните причини за смртта на младото момче, како и итно доставување до семејството на починатиот на детален извештај изработен на местото на настанот од страна на истражен судија и експертот по судска медицина, детален извештај од обдукција, како и обезбедување на соодветен и правичен надомест на штета и поддршка на семејството на починатиот.

Случаите на насилство кон Ромите стануваат се почеста реалност во затворите низ државата. Навремената и правилна истрага на овој немил настан е во интерес на безбедноста и заштита на правата како на настраданиот поединец и неговото семејство, така и на целокупната ромската заедница во Македонија. Активности во врска со истрагата мора да бидат навремено и правилно преземени, во согласност со низа членови од домашното законодавство, како и член 14 (правото на слобода од дискриминација) во врска со член 2 (право на живот) од Европската Конвенција за човекови права, ратификувана од страна на Собранието на РМ, се вели во соопштението на ЕЦПР.

 

затвор млад Ром смрт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.