31 годишниот Американец Мајкл Фелпс е најтрофеен спортист во историјата на Олимписките игри. Фелпс на трите последни Олимписки игри во Атина (2004), во Пекинг (2008) и во Лондон (2012) освои 22 медала, од кои дури 18 златни. Но, ни тоа не е крај на неговите рекорди. Фелпс во Пекинг направи нешто што со децении се чинеше невозможно. Тој го собори рекордот на пливачот Марк Шпиц, кој во Минхен 1972 година, освои седум злата и со тие осум златни медали во моментот влезе во друштвото на спортските легенди во олимпизмот.

gty_michael_phelps_kb_140930_16x9_992

Последните години Мајкл Фелпс имаше проблеми со опијатите, па поради користење на марихуана дури беше исфрлен од американската репрезентација. Но, според информациите кои доаѓаат од САД, легендарниот пливач повторно е во одлична форма и ќе биде интересно да се види дали може во Рио уште еднаш да испише спортска историја и да освои уште некое злато и да го урне својот нестварен рекорд.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=11&v=Fh5P1n20Pc8