Беким Поцеста ќе биде новиот директор на Универзитетската клиника за кардиологија, на место на Сашко Кедев, информираат од Министерството за здравство.

Промени ќе има и на уште неколку други клиники. Директор на клиниката за нефрологија ќе биде Ирена Бушлетиќ, на клиниката за токсикологија директор ќе биде Нико Беќаровски. Клиниката за очни болести ќе ја раководи Беким Татеши.

Воедно, разрешени се економските директори во Универзитетски стоматолошки клинички центар, Универзитетската клиника за токсикологија и Универзитетската клиника за очни болести