Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кијив: Гасна инфраструктура во Одеса мета на ракетен удар – Украина предупредува на енергетска закана пред зимата

0
By Zoran Ivanov on August 6, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 6, 2025 13:35

Русија извела ракетен напад врз гасна инфраструктура во регионот Одеса, со што, според украинскиот претседател Володимир Зеленски, се прави обид за поткопување на енергетската безбедност на Украина пред претстојната грејна сезона.

Мета на нападот била постројка во селото Новосилске, во близина на границата со Романија, каде што се наоѓа клучниот интерконектор „Орловка“. Преку оваа точка Украина добива гас по трансбалканската рута.

Ова беше намерен удар врз нашите подготовки за зимата – апсолутно циничен напад, какви што се сите руски удари врз енергетскиот сектор, порача Зеленски преку социјалната мрежа Телеграм.

Во текот на 2025 година, Украина веќе се соочи со сериозен пад во домашното производство на гас поради серија руски воздушни напади. Иако Москва негира дека напаѓа цивилна инфраструктура, енергетските постројки ги смета за легитимни воени цели поради нивната поддршка за украинската воена индустрија.

Гувернерот на Одескиот регион потврди дека е нападната клучна гасна инфраструктура и информираше дека надлежните работат на испумпување гас од засегнатиот гасовод. Засега не е познато дали интерконекторот е трајно оштетен и дали гасот ќе продолжи да тече непречено.

 

гас напад Одеса руски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.