Северна Кореја може во било кој момент да лансира меѓуконтинентална ракета, порача портпаролот на министерството за надворешни работи на земјата.
Оваа реакција доаѓа по новогодишното обраќање на Ким Јонг Ун, во кое порача дека земјата била многу близу до тестирање на меѓуконтинентална ракета која може да дофрли нуклеарно оружје до САД, бидејќи тие биле криви за нуклеарната програма која Пјонгјанг ја поседува.
Кина и Јужна Кореја ја осудија заканата од Ким Јонг Ун и порачаа дека ќе има последователни санкции за севернокорејскиот полуостров доколку изврши дополнителни тестирања.
– Доколку Северна Кореја не ги почитува нашите предупредувања и лансира ракета, ќе се соочи со многу помоќни санкции од меѓународната заедница, порача Јужна Кореја денес.
Северна Кореја е веќе под неколку санкции од страна на Советот за безбедност при ООН откако во текот на минатата година изврши неколку тестирања.