Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кина ги поздравува силните мерки на казахстанската влада, Германија повика на смирување

0
By НОВА ТВ Balaban on January 7, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Казахстанскиот претседател Токаев им дозволи на силите за спроведување на законот да пукаат „без предупредување“ во „вооружените банди“ кои предизвикаа немири.

Кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече „многу одговорно“ спроведувањето на силните мерки на казахстанската влада против демонстрантите, во порака до претседателот на земјата, додека Германија повика на смирување на ситуацијата, која од протест се претвори во крвав бунт.

„Одлучно презедовте цврста акција во критичните моменти и брзо ја смиривте ситуацијата, покажувајќи ја на тој начин вашата одговорност и вашето чувство за тоа што треба да се прави како политичар“, наведе кинескиот претседател во пораката до Касим-Жомарт Токаев.

Тој додаде дека неговиот колега од Казахстан се покажал „високо одговорен за својата земја и својот народ“, објави агенцијата Ксинхуа.

Насилството во Казахстан беше поттикнато од незадоволството поради поскапувањето на горивото, кое набрзо се претвори во антивладини протести, од кои некои беа насилни.

Казахстанскиот претседател Токаев им дозволи на силите за спроведување на законот да пукаат „без предупредување“ во „вооружените банди“ кои предизвикаа немири.

Тој, исто така, отфрли секаква можност за преговарање со демонстрантите, нарекувајќи ги „апсурдни“ таквите барања од странство.

Десетици луѓе се убиени или повредени, соопшти казахстанската влада.

Германија, пак, повика на смирување на ситуацијата и наоѓање мирно решение.

– Германската влада е убедена дека насилството како она што се случува во Казахстан „никогаш не е соодветен одговор, рече портпаролката Кристијане Хофман.

„Ги повикуваме сите вклучени страни да се деескалираат и да најдат мирно решение“, порача таа.

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Кристофер Бургер, пак, истакна дека „употребата на смртоносна сила со вистински куршуми против цивили не е опција“.

„Покрај тоа, кога се користат воени сили, ова може да биде само последна опција“, додаде тој.

Казахстан, најголемата земја во Централна Азија, е зафатена од немири кои избувнаа во неделата, а потоа се проширија во другите градови.

Кремљ денеска соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со Токаев неколку пати, како и со други лидери на Организацијата за заеднички договор за безбедност, воен сојуз на неколку поранешни советски републики.

Сојузот соопшти дека распоредиле околу 250 војници на барање на Токаев.

Германија Казахстан Кина силните мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.