НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кинематограферот на нашите филмови „Големата вода“, „Бал-кан-кан“, Суки Меденчевиќ е претседател на жирито на „Браќа Манаки“

0
By Ана Василевска on September 18, 2021 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Членовите на жирито на фестивалот „Браќа Манаки“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интернационалното жири кое ќе ги оценува филмовите во натпреварувачката конкуренција на годинешното 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ e предводено од Суки Меденчевиќ , американски кинематографер со потекло од Босна и Херцеговина. Меденчевиќ, меѓу останатите педесетина филмски проекти во неговата досегашна кариера, е кинематографер на филмовите „Големата вода“ и „Берлин проект“ на Иво Трајков и „Бал-кан-кан“ на Дарко Митревски.

-Прв пат дојдов на Фестивалот пред 17 години, а претходно во 2002 година работев овде, бидејќи дел од снимањето на филмот „Големата вода“ се одвиваше токму во Битола и добро сум запознаен и со опкружувањето и со самиот фестивал. Филмот беше одлично прифатен и тоа ми остана како едно убаво искуство, а она што сметам дека е најголем квалитет на овој фестивал е дека уште тогаш имаше една карактеристика на интимен пристап, еден вид на интимност некако се провејуваше низ фестивалските денови. Но, сметам дека најголем квалитет е што ги става кинематограферите во центарот и ја прославува умешноста да се раскаже приказната низ слики. Тој и понатаму гледам дека се одвива во таа насока и затоа тој е уникатен, рече претседателот на жирито, Суки Меденчевиќ на денешната прес конференција.

Во жирито се и Филип Бергсон (Philip Bergson), филмски критичар од Велика Британија, Вим Ванaкер (Wim Vanacker), познат белгиски режисер, Соња Просенц (Sonja Prosenc), продуцент од Словенија и Димо Попов (Dimo Popov), член на Македонското друштво на кинематографери, но и на Турското друштво на кинематографери.

-Ова е мое прво доаѓање на фестивалот. Многу сум слушал за вашиот фестивал и почестен сум што добив покана да сум член на жирито, бидејќи се радувам што фестивалот „Браќа Манаки“ е поветен токму на таа уметност на сликање слики со помош на светлина и постои една уникатност која те прави понизен, бидејќи фокусот е на вистинското место, на кинематограферите наместо на сите фанфари што се однесуваат на индустријата и комерцијалниот апект, рече Вим Ванакер.
Соња Просенц е продуцент од Словенија и вторпат доаѓа во Битола.

-Прв пат дојдов во Битола кога ме донесе македонски продуцент за снимањето на мојот филм и навистина уште тогаш ја запознав фестивалската атмосфера. Кога размислувам за моите филмови тој визуелен јазик и таа визуелна нарација е она што ми е најважно и тоа можев да го видам во селекцијата оваа година. Филмовите што досега ги погледнавме се навистина одлични и навистина ми е чест што сум тука, раскажа Просенц
За Димо Попов, член на Македонското друштво на кинематографери, но и на Турското друштво на кинематографери,фестивалот „Браќа Манаки“ секогаш бил посебен и како што раскажа го посетувал уште од средношколските денови.

-Драго ми е што сум член на ова жири составено од вистински професионалци. За мене фестивалот „Браќа Манаки“ секогаш бил посебен. Годинава има одлична селекција на филмови, според она што досега го гледавме. Навистина сум среќен дека фестивалот се отвори со македонски филм, кој навистина заслужува да биде дел од овој фестивал. Имаме уште многу филмови да погледнеме и се надевам дека ќе одбереме најдобар, кој што заслужува да добие награда, истакна Попов.

Филип Бергсон , филмски критичар од Велика Британија вели дека е среќен што на фестивалот „Браќа Манаки“ се слави филмот на оној начин како што треба.

-Многу се радувам што овде конечно има нова кино сала, каде што ги гледаме филмовите. Фестивалот секогаш во својата селекција има застапено нови автори и ветерани, што претставува добар баланс. Добар дел од тие ветерани што веќе дошле тука, самиот јас сум помогнал да бидат гости на фестивалот, како Виторио Стораро, Чарлс Денс…и многу други кои беа претставени пред битолската публика. Ќе раскажам овде, дека кога бев млад во Оксфорд организирав фестивал на филмска камера и тогаш првата награда ја доби Лоренсон за филмот на Питер Брук, така што отсекогаш сум сметал дека кинематограферот е всушност оној кој е најважен, бидејќи преку визуелниот момент се доловува целата поетика, рече Бергсон.

Членовите на жирито сите филмови во конкуренција ќе ги гледаат и оценуваат во новото битолско кино „Манаки“, кое се наоѓа на просторот од некогашното кино на браќата Манаки, на Широк сокак во Битола.

А.В

Битола Браќа Манаки филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.