Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кинески медиуми: Медиуми или пропагандисти?

0
By Нова ТВ on April 8, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кинеските државни медиуми сакаат светот за нив да мисли дека се независни и кредибилни, но тие не се тоа. Многу од нив ја шират пропагандата на кинеската Комунистичка партија (ККП) низ светот, а нивните вработени всушност работат за ККП. Ова е заклучок на државниот секретар на САД, Мајкл Помпео, со кој му наложи на Стејт департментот да го ограничи бројот на вработени од Кина кои пет државни кинески медиуми може да го имаат во САД. Секретарот притоа истакна дека овие медиуми се „странски мисии“ контролирани од кинеската влада.

„За разлика од странските медиуми во Кина, овие медиуми не се независни“, изјави Помпео на 2 март.

Петте медиуми што се посочени во неговиот заклучок се новинската агенција Ксинхуа, глобална телевизиска мрежа Кина, која е под Кинеската централна телевизија, Радио интернешнел Кина, Корпорација за дневна дистрибуција Кина и „Хаи Тиан девелопмент САД“, дистрибутер за „Пиплс дејли“ во САД.

Што е странска мисија?

„Странска мисија“ е термин за организации кои се сметаат дека се контролирани од странска влада, како што се амбасадите и конзулатите. Тоа значи дека, како секоја странска мисија, медиумите контролирани од ККП мора да го известат Стејт департментот за нивните вработени кои работат во САД, како и за канцеларискиот простор кој го поседуваат или изнајмуваат.

Третирањето како странска мисија не ограничува што овие медиуми може да објавуваат во САД, појасни Помпео. „Странските новинари, вклучувајќи ги и оние од Кина, отсекогаш биле добредојдени во САД, и можеле да работат слободно, без никакви закани.“

ККП и медиумите

Контролата на ККП врз државните медиуми е само дел од напорите на генералниот секретар на Комунистичката партија, Си Џинпинг да ги контролира граѓаните на Кина и да влијае врз медиумските наративи ширум светот.

Почнувајќи од забрана на одредени зборови, до стриктна цензура на интернет и преку кинеските технолошки компании во странство, Џинпинг ја засили контролата врз тоа што луѓето може да кажат или слушнат за Кина. Претходната година кинеската влада затвори повеќе новинари од која било друга земја во светот.

„Апелираме до ККП што побрзо да почне да се придржува до нејзините заложби и да ја почитува слободата на печатот“, изјави Помпео.

Извор: Ф2Н2

Кина ККП Мајкл Помпео медиуми САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.