Бугарскиот премиер Кирил Петков приреди работен појадок за шефовите на дипломатските претставништва во Бугарија, со кои Бугарија има силни врски и активна соработка. На настанот учествуваа амбасадорите на земјите членки на ЕУ и НАТО, земјите од Западен Балкан, Украина, Република Молдавија и Грузија.

Ова го објави Министерскиот совет на нивната Фејсбук страница.

Премиерот Петков им се заблагодари на амбасадорите што се мост меѓу Бугарија и нивните земји. Премиерот рече дека заедничкото присуство на дипломатите на средбата е уште еден знак за многуте заеднички сработени проекти во последните 8 месеци. (24 Часа)