По три ипол години поминати во Еквадор, актерот Кирил Поп Христов се врати во Македонија. Но накратко. Тој беше гостин на Борјан Јовановски во „Ноќно студио“ на ТВ Телма каде говори за својот живот во егзотичната земја, за неговата здравствена состојба, но и за тоа како ја доживеал Македонија, од која замина пред три ипол години.