Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Клоп: Елиминацијата на Барселона мислев дека е шега

0
By Нова ТВ on April 11, 2018 СПОРТ
Фото: theanfieldwrap.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јирген Клоп не сфатил сериозно кога му кажале дека Барселона е елиминирана во четвртфиналето во Лигата на шампиони. Рома направи голем пресврт, триумфира со 3:0 на „Олимпико“ за анулирање на предноста од 1:4 што Каталонците ја имаа по првиот меч на „Камп Ноу“ и се проби во големата четворка во елитното натпреварување на УЕФА. Но, Германецот помислил дека се шегуваат со него по мечот на неговиот Ливерпул против Манчестер сити на „Етихад“.

„Кога ми кажаа дека Рома ја елиминира Барселона мислев дека луѓето се шегуваат со мене. Не затоа што немам почит кон Рома која има одличен тим туку не очекував иако сум свесен дека се е можно“, рече германскиот менаџер на „црвените“.

Тој потсети дека Рома минатото лето остана без Мохамед Салах кој заврши под негова команда на „Енфилд роуд“, но дека и натаму е силна екипа.

„Рома е полуфиналист. Тоа е факт и тоа е голема работа“, додаде Клоп.

Пласман во полуфиналето, покрај Рома, осигура и Ливерпул по победата и во реваншот над Сити на Гвардиола со 2:1. Останатите две екипи што ќе играат за финале во ЛШ ќе бидат познати вечерва по одигрување на возвратните мечеви на Реал Мадрид и Јувентус (прв меч 3:0) и Баерн Минхен против Севилја (2:1.

Барселона Јирген Клоп Лига на шампиони фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.