Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Клоп по поразот на Ливерпул во ФА купот: Одговорноста е моја

0
By Нова ТВ on January 28, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шеснаесетфиналето во англискиот ФА куп беше краен домет за Ливерпул во оваа сезона. Изненадување приреди Вулверхемптон кој на „Енфилд“ триумфира со 2:1. Менаџерот Јирген Клоп призна дека „црвените“ одиграа многу лош натпревар, но лично ја презеде одговорноста за поразот.

„Бевме многу лоши. Лошо почнавме и не се поправивме. Тоа го видоа сите. Не можам да кажам многу добри нешта за натпреварот. Тешко е да се објасни. Јас сум одговорен за составот и не треба да се обвинува ниеден фудбалер. Одговорноста е моја“, изјави Германецот за британските медиуми.

Членот на Чемпионшип лигата поведе уште во прата минута со голот на Ричард Стирман, на 2:0 зголеми Андреас Вајман во 41 минута. Двата гола за „волците“ дојдоа по асистенции на Хелдер Кошта, единствениот за Ливерпул беше дело на Ориги во 86 минута.

Ливерпул го почна мечот во нестандарден состав што резултира со трет пораз во последните осум дена.

„Со голот на почетокот добија на самодоверба на што ние не бевме подготвени. Имавме посед на топката, ја губевме, па прекршок, слободен удар. Паѓаа голови на што ние се обидувавме да возвратиме, но не доволно добро“, истакна тренерот на Ливерпул.

Ливерпул во средата беше елиминиран и во Лига купот на Англија.

„Да не заборавиме дека и тие одиграа добро. Требаше да бидеме подобри. Резултатот е реален. Лут сум, но тоа не е доволно. Мора да се смириме, да се рехабилитираме и да возвратиме“, порача Клоп.

ФА куп

Шеснаесетфинале

Ливерпул – Вулверхемптон 1:2

Блекбурн – Блекпул 2:0

Барнли – Бристол сити 2:0

Челзи – Брентфорд 4:0

Кристал палас – Манчестер сити 0:3

Линколн – Брајтон 3:1

Мидлсборо – Акрингтон 1:0

Оксфорд – Њукасл 3:0

Рочдејл  – Хадерсфилд 0:4

Тотенхем – Вајкомб 4:3

Англија Јирген Клоп Ливерпул ФА куп фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.