Бујар Османи: Северна Македонија има Постојана мисија при Европската Унија, предводена од амбасадор и составена од десетици дипломати кои секојдневно работат со европските институции.
Тогаш, кој е мандатот на новиот претставник?
Која задача ќе ја извршува тој, а не можат да ја извршат амбасадорот, нашата Мисија, Министерството за надворешни работи и Министерството за европски прашања?
Создавањето паралелен политички канал во Брисел ја обезвреднува државната Мисија, го поткопува авторитетот на амбасадорот и создава нејаснотии околу тоа кој ја претставува државата пред институциите на Европската Унија.
Европската интеграција бара силни институции, јасна хиерархија и професионална дипломатија. Јавни функции не смеат да се создаваат за политичко згрижување, додека постојните институции се третираат како декор.
Извор: Фејсбук



