Published: Sunday, March 15, 2026 20:43
Ноќеска во 02:15 часот пред поранешната т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани ќе се одржи собир на кој ќе им се оддаде сеќавање и почит на жртвите од минатогодишната трагедија.
Овој собир, според Здружението „16 март 2025 година“, ќе означи една година од трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
Да застанеме заедно во тишина со нашите 63 ангели. Ќе оддадеме почит со една минута молк. Во 02:32 часот, моментот што засекогаш го промени Кочани. Нека светлината сведочи дека не забораваме. Нека тишината зборува за љубовта што останува, се вели во објавата на Здружението на Фејсбук.




