Во Кочани денеска, од 14:05 часот, ќе се одржи уште еден „Марш на Ангелите“ под мотото „со љубов, со болка и со достоинство – во име на оние кои повеќе не се тука“.
Нашата мисија е јасна и искрена: за нашите деца, за вистинска правда, за Македонија со совест, порачаа родителите, додавајќи дека молкот пред неправдата не смее да биде опција.
На последниот марш во Скопје беше испратена силна порака патот до правдата ќе биде долг, но доколку сите се обединат околу истата цел, системот ќе мора да реагира.
Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени, започна на 19 ноември. Обвинети се 38 субјекти – 35 лица и три компании. Следното рочиште ќе се одржи на 2. декември.

