Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кочани: „Молчи Владата молчиме и ние“ – протест со тага и молк и бели балони за жртвите

0
By Zoran Ivanov on July 12, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 12, 2025 20:58

Во Кочани овој Петровден, инаку патрон празник на градот, наместо да се пее и празнува, се молчи и се тагува.

Свежи се сеќавањата на ужасната трагедија во кочанската дискотека Пулс која на 16 март зема 62 животи, а во која беа повредени околу 200 луѓе.

На комеморација во салата на Центарот за култура „Бели мугри“, организирана од Општина Кочани со поддршка на Црвен крст, граѓаните оддадоа почит со минута молк.

Блиските на жртвите, облечени во црно, симболично, пуштија 62 бели балони кон небото.

Низ кочанските улици, пак, се одржа и четиринаесеттиот по ред „Марш за ангелите, организиран од граѓанското здружение „16 март 2025 – Кочани“, кое обединува околу 80 луѓе, претставници на 38 семејства на загинати во пожарот.

Маршот помина во молк и без официјално обраќање, како и секоја сабота по трагедијата.

Родителите на жртвите рекоа дека решиле да молчат додека не добијат одговор на нивните барања до Владата и до Обвинителството за финансиска и институционална помош, како и за аудио и видео снимање на судската постапка.

Молчи Владата, молчиме и ние, ќе чекаме да видиме што ќе биде во понеделник. Во меѓувреме гледаме премногу напади и обвинувања кон нас на социјалните мрежи. Довербата кон институциите е минимална, само пет проценти, затоа што ни беше кажано дека случајот ќе се расчисти за два месеца, а веќе станаа четири и уште нема ништо. Веројатно ќе си играат со нас уште четири години, рекоа родителите на маршот.

 

Кочани л марш молк родители протестен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.