Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кочани: „По патеката на оризот“ – велосипедската тура во чест на загинатите во „Пулс“

0
By Zoran Ivanov on May 4, 2025 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 4, 2025 18:53

Над 300 велосипедисти, рекреативци, спортисти и граѓани учествуваа на велосипедската тура „По патеката на оризот“ во чест на трагично загинатите во клубот „Пулс“, што заеднички ја организираа нивните семејства и Општина Кочани.

Учесниците, меѓу кои имаше деца и родители на жртвите, возеа на кружна патека во должина од 15 километри во правец на селата Грдовци, Мојанци и Горни Подлог, а на местото на трагедијата им беше оддадена едноминутна почит на настраданите.

Заедно возиме велосипеди во чест на нашите трагично загинати деца и потсетуваме дека на 4 мај 1903 година во борба загина Гоце Делчев и животот го даде за Македонија да биде слободна. Денеска, на 4 мај 2025 година Македонија е заробена држава, заробена на авторитет што е сконцентриран во еден центар на моќ. Без контрола и баланс, ни го донесе педесеттиот ден од нашата болка, празнина, тежина и само тишина и молк. Кочани е во жалост, имаме колективна траума и тага, нема некој што не е допрен од трагедијата и бараме начин да искажеме почит кон трагично починатите, истакнаа во обраќањето родителите на настраданите.

Родителите упатија прашање дали треба да се случуваат трагедии за да си подадеме рака и да се сплотиме, да дадеме поддршка и заедно да се молиме за побрзо оздравување на повредените. Порачаа дека нема да се откажат од борбата да го добијат одговорот за виновниците за трагедијата, заради правда за загинатите.

Во организацијата на велосипедската тура придонес дадоа и волонтерите од Црвен крст, членовите на Територијалната противпожарна единица и Доброволното противпожарно друштво, како и вработени во Полициската станица и Општата болница од Кочани.

 

велосипеди згинати Кочани пулс чест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.