Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кога власта ги брои децата, синдикалната борба станува лична мета – не е прашање кола туку порака

0
By Zoran Ivanov on February 11, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 11, 2026 15:40

Кога власта протестот го прогласува за политички инструмент, а не за социјално барање, таа суштински го делегитимира правото на работнички отпор. Со тоа, фокусот од барањата за повисока минимална плата се префрла на дискредитација на личноста што ги артикулира тие барања.

Дехран Муратов

„Кажи му дека он, жената, децата, све у ендек ќе ги најдат… Мајката да им ја е**м јас нивна комунистичка, нивна пе****ка“, ви текнува на оваа закана, изговорена од Мартин Протогер, како дел од објавените прислушкувани разговори во 2015 година? Реченица која тогаш ја згрози јавноста и остана како симбол на една политичка култура во која противниците не се напаѓаат само политички, туку се таргетираат и нивните семејства.

Денес, повеќе од една деценија подоцна, повторно сме сведоци на сцени кои отвораат непријатни асоцијации. По блокадата на Собранието од страна на ССМ и работниците, на социјалните мрежи се појави видео од претседателот на синдикатот, Слободан Трендафилов, споделено од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. Во видеото се гледа како тој ги зема своите малолетни деца од училиште.

„Не го слушајте што зборува, туку гледајте го како се однесува… Трендафилов, службеното возило на ССМ и приватните обврски…“, стои во објавата, проследена со пораката: „Популизам на најјако додека синдикалецот Трендафилов бара пратениците да одат пешки, тој се развезува со службена кола“, стои во објавата на Стојаноска.

Не се знае од кога потекнува видеото и кој го има направено. Но, фактот дека е снимен со своите малолетни деца отвора сериозни дилеми. Се отвара прашаето дали ваквото следење е пракса за неистомислениците на власта или станува збор за изолиран инцидент? Самото снимање и јавно објавување на моменти со деца создава впечаток на притисок, односно порака дека приватноста може да стане колатерална штета во политичка пресметка.

Премиерот Христијан Мицкоски, истакна дека протестите за минималната плата предводени од Трендафилов, очекува да продолжат, затоа што, според него, има политичка позадина…

„Злоупотребува службени возила за приватни цели и уште многу работи допрва, како што имам чувство, ќе бидат сведоци работниците кој ги води, кој ги манипулира во овие политички инструирани процеси…“, рече премиерот.

Кога власта протестот го прогласува за политички инструмент, а не за социјално барање, таа суштински го делегитимира правото на работнички отпор. Со тоа, фокусот од барањата за повисока минимална плата се префрла на дискредитација на личноста што ги артикулира тие барања. Наместо аргументи за тоа зошто не може или може да има зголемување, јавноста добива политичка етикета – „политичка позадина“, „манипулација“, „злоупотреба“.

Првиот синдикалец Трендафилов и возврати на власта дека нема да поклекне и покрај заканите и нападите.

„Мојата плата за која се грижат толку изнесува, таа е 57 илјади денари. Можат да ме следат, прислушуваат, уценуваат, напаѓаат и да ми се закануваат, но, нема да потклекнам и нема да се предадам… Министерот за внатрешни работи и Обвинителството треба да преземат мерки против пратеничката Дафина Стојаноска… Нормална влада во нормална држава паѓа за вакви работи“, нагласи Трендафилов.

Тој јавно го праша министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски дали службите го следат него и неговите деца и најави дека ќе ги извести амбасадите, делегацијата на ЕУ и меѓународните синдикати.

Прашањето што останува да виси во воздухот е – дали повторно се враќа атмосфера во која критичарите на власта, особено оние што бараат повисока минимална плата и организираат протести, се ставаат под лупа не само политички, туку и приватно? Дали наместо социјален дијалог гледаме стратегија на притисок и заплашување?

Никој не тврди дека ситуациите се исти како во минатото. Но, колективната меморија е жива. И кога во политичка пресметка ќе се вмешаат деца, тогаш сомнежот станува погласен од било која партиска изјава. Во демократско општество, борбата за минимална плата треба да се води со бројки и аргументи – не со камери вперени кон семејствата. А кога во политичката пресметка ќе се вмешаат деца, тоа веќе не е дебата. Тоа е порака.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

власт дехран муратов закани Синдикат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.