Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е човекот што може да и ја запечати кариерата на Хилари Клинтон

0
By Нова ТВ on October 29, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 29, 2016 12:51

Ентони Вајнер, во чиј компјутер се пронајдени мејловите на кандидатката на демократите за претседател на САД Хилари Клинтон поради што ФБИ најави дека ќе отвори истрага против неа, е поранешен конгресмен на демократите од Њујорк, кој се кандидираше и за градначалник на Њујорк.

Мејловите на Клинтон се откриени во текот на федералната истрага поради СМС порака од Вајнер до 15 голдишно девојче од Северна Каролина со сексуална содржина, објавуваат американските медиуми.

klinton1

Си Би Ес објави дека мејловите на Клинтон се пронајдени на лаптопот што заедно го користеле Вајнер и неговата сопруга Хума Абедин, долгогодишна соработничка на Клинтон од која Вајнер во меѓувреме се развел.

Политичката кариера на 52.годишниот Вајнер пропадна пред неколку години поради неговите „индискретни пораки преку интернет“, пишува Њујорк Тајмс.

Нарушувањето на угледот на њујоршкиот конгресмен во јавноста започна во мај 2011 година кога од неговиот Твитер профил е објавена компромитирачка фотографија за што тој првично ја отфрлил одговорноста, тврдејќи дека е хакерски напад.

vajner

Но скандалот доби на сила кога во јавноста излегоа неговите разговори преку интернет со други жени, па Вајнер на 16 јуни 2011 година најави оставка во Конгресот на конференција во Бруклин, извинувајќи се за „личните грешки и непријатноста што ја прдизвикал“.

Пролетта 2013 година, две години откако кариерата му доживеа речиси фатален крах, Вајнер соопшти дека ќе ја продолжи трката за градоначалник на Њујорк и тогаш, како што покажуваа анкетите, имало охрабрувачки знаци дека би можел да доживее политичка преродба.

Избивањето на површина на новите пораки со непристојна содржина го присилиле да признае дека продолжил на женските поддржувачки да им испраќа фотографии и пораки, најмалку уште една година откако го напуштил Конгресот, па на изборите освои помалку од 5 отсто од гласовите.

Сопругата на Вајнер Абедин во август годинава изјави дека ќе се разведе од него после уште еден напис, овојпат во Њујорк пост, дека продолжил да разменува недозволени пораки со една жена, а помалку од еден месец потоа Дејли Мејл објави дека такви разговори имал и со 15 годипно девојче.

ФБИ соопшти дека во текот на противзаконските разговори кои Вајнер ги имал со девојчето, открил и нови мејлови за случајот со Хилари Клинтон, што предизвика потрес во претседателската кампања на само 11 дена од изборите.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.