Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е контроверзниот БоЏо на чело на дипломатските односи на Британија

0
By Влатко Чаловски on July 14, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 14, 2016 16:37

Новиот министер за надворешни работи на Велика Британија, Александар Борис де Фефел Џонсон беше еден од главните заговарачи за излез на Кралството од Европската унија и првиот фаворит за фотелјата на 10 Даунинг Стрит на местото на Дејвид Камерон кој по референдумот Брегзит, соопшти дека се повлекува од премиерската функција.

Откако во јавноста се повеќе се загреаа шпекулациите дека токму тој ќе стане лидер на Конзервативната партија и можеби следен премиер на Британија, Џонсон во својот говор кон крајот на јуни рече дека во пресрет на несигурноста по Брегзит, потребен е силен лидер и дека тој не е човекот за таа работа.

џонсон пакНеговите контроверзни карактеристики можеби најдобро се отсликани со неговиот кус престој во „Тајмс“ веднаш по студиите. Кус затоа што измислил цитат, по што бил избркан.

Но Џонсон си го нашол својот пат па дошол и до местото на дописник од Брисел за „Телеграф“ во 1989 година, а подоцна работи и како уредник во магазин.

Неговата политичка кариера започнува 2001 година кога за прв пат влегува во британскиот Парламент како пратеник на областа Хенли од Оксфорд, а во исто време и заменик-претседател на партијата, па се до 2008 година кога е избран за градоначалник на Лондон. Оваа функција ја извршува од 2008 до 2015 година.

Во својот прв мандат донесе неколку популарни мерки како забраната за консумирање алкохол во јавниот транспорт, воведувањето на автобусите и велосипедските шеми денес познати по неговите одлуки. Во 2015 година и покрај вториот мандат за градоначалник, се враќа во Парламентот каде станува еден од главните ликови во кампањата (Leave) за напуштање на ЕУ.

Џонсон е роден во Њујорк, САД во семејство од средна класа, а образованието го поминал низ Европската школа во Брисел, потоа Ешдаун школата во Англија и Итон Колеџ исто така во Англија.

Неговите одлуки и јавниот живот наидоа на критики и кај лево-ориентираните но и кај десничарите. Неговите поддржувачи, а кои не се конзервативци го сакаат неговиот хумор и отвореноста. Од друга страна “обвинет“ е за елитизам, мрзливост и за ксенофобија од страна на левичарските политичари.

boriseee

Контроверзен бил и во своите изјави во минатото додека се издигнувал на политичката скала. Црните деца од Африка во една прилика ќе ги нарече пикантните, американскиот претседател Барак Обама го навредува за кениското потекло, Хилари Клинтон  ја нарекува “садистичка медицинска сестра во ментална институција“, за Реџеп Таип Ердоган во магазинот кој го уредуваше објави навредлива поема, ја пофали војската на режимот на Башар ал-Асад за време на сирискиот конфликт, Владимир Путин го споредуваше со лик од Хари Потер серијалот, за време на посетата во Јапонија собори 10-годишник во рагби стил, а за повеќето од овие моменти, подоцна се извинуваше или поради своите политички апетити или во име на дипломатските односи.

ЏонсонНеговата прва недела за време на шефувањето со дипломатските односи наредната недела ќе се следи будно под рефлекторите, а Твитер веќе се забавува со неговите изјави.

„Неговата прва посета со Обама веројатно ќе започне со зборот Извини“, твитаат Британците по денешната одлука на новата премиерка Тереса Меј да го стави контроверзниот Џонсон да гради мостови со земјите од светот и особено земјите-членки на ЕУ, откако Британците решија да излезат од европското семејство.

Борис Џонсон брегзит контроверзен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.