Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој го уби Ченто?

0
By Marija Todorovska on May 28, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 28, 2025 15:23

Влезот на Бугарите во Уставот за да започнат преговорите, како знак на добра политичка волја би бил најдобриот потег на Мицкоски. Подоцна, доколку дојде до отворање на идентитетски прашања од страна на Бугарија, Мицкоски има мандат да каже не, благодарам, одбивам да разговарам на оваа тема, најмалку да преговарам. Само на тој начин ќе ја покаже на светот апсурдноста на бугарските вета и блокади.

Биљана Секуловска

Нова идеја за решавање на спорот со Бугарија за започнување преговори, нови проблеми на маса за вжештените глави. За идејата за директни преговори Македонија- Бугарија на НАТО Самитот, заедно со четири високи претставници на Европската Унија, но и членки на НАТО, Мицкоски вели: „Ние сме фактор на стабилност и така треба да зрачиме, во регионот има земји кои сакаат да рефлектираат нестабилност. А добро би било да се слушне, да се седне на маса. Можеби од таа страна ќе чуеме аргументи што не сме ги знаеле, каде исчезнаа 200.000 Македонци во Западна Бугарија од 1956 до 1965 година“.

Генијална идеја, да се вадат од мувлосаните, затурени архиви историските неправди, колења, страдања, поробувања. Така крајот никогаш нема да дојде, затоа што дури ни почетоците не можат да бидат прецизно детектирани, ниту лоцирани- кога сѐ почнало и колку жртви сѐ можат да се ископаат, сѐ додека не ни се слоши од толку трагедии. Прашањето кој го уби Ченто е следното кое ќе биде треснато на преговарачка маса со Бугарија.

Што може да тргне по зло? Мицкоски е политички хазардер, слично како и Груевски. Неговиот претходник лееше споменици на Александар Македонски, градеше Кули вавилонски, антички згради од стиропор и картон, ја усоврши антиквизацијата до гротеска, за да ѝ докаже на Грција, но и на светот дека ние сме еднакво потомците, ако мора баш и тие да бидат.

Губевме така златни години додека не стана повеќе од деценија, за да се докаже само едно за овој режим на Груевски- идејата не беше само да се искомплицираат односите со Грција, туку и да се докаже дека сите авторитарни лидери имаат повисоки цели, секако дека е тоа маестрално сеење на магла за идентитетот, за да се слави корупцијата која никогаш нема да биде казнета.

Мицкоски е сега во слична позиција, ако продолжи вака, во ова копање на сите знајни и незнајни македонски херои. Зарем мисли дека ќе ги доведе до апсурд барањата на Бугарија, нивното негирање на идентитетот, нивниот фашистички режим во време на Втората светска војна, сите нивни вековни окупации, зарем очекува дека ќе паднат на колена и да молат за прошка, онака како што тоа го стори германскиот канцелатр Вили Бранд во Полска. “Соочен со бездната на германската историја и товарот на милионите убиени, направив она што ние луѓето го правиме кога зборовите нè изневеруваат“, така Брант својот гест го опиша во своите мемоари.

Доколку успее во тоа Мицкоски, во затворањето на сите стари рани, неправди и неволји кои се длабоко закопани во историските книги и колективната меморија, ќе стане првиот политичар во светската историја кој ги порамнил сосема сметките со своите соседи, ги принудил да се засрамат и покајат за сите ѕверства и злосторства, но на начин кој никогаш повеќе нема да биде отворен. Кој е тој што може да ги натера сите наследници да се соочат и да го отфрлат засекогаш своето ужасно Наци минато, фашистичките идеи, погледнете ја само сегашната политичка мапа во Европа, растот на ултра- националистите, на крајните десничари, славењето на нео-нацизмот, бедата и јадот со кој сѐ повеќе се соочуваме и тонеме.

Влезот на Бугарите во Уставот за да започнат преговорите, како знак на добра политичка волја би бил најдобриот потег на Мицкоски. Подоцна, доколку дојде до отворање на идентитетски прашања од страна на Бугарија, Мицкоски има мандат да каже не, благодарам, одбивам да разговарам на оваа тема, најмалку да преговарам. Само на тој начин ќе ја покаже на светот апсурдноста на бугарските вета и блокади. Тој сега покажува дека воопшто не го прифаќа Договорот со ЕУ за започнување преговори, но од друга страна одбива да го поништи. Тоа и не би бил така голем проблем, да беше ова финансиски и економски моќна земја, со созреана демократија, каде на сила се владеење на правото, казнување на висока корупција, департизирана администрација и судство, сериозно независни и ефикасни.

Вака, граѓаните ќе продолжат да бидат горди со самоуништувањето во национализмот, кој најмалку е патриотизам, макар тонеле уште повеќе во сиромаштија, плаќање на кредити на државата преку зголемени цени и маржи, сметки за парно, струја, за притоа да не им биде јасно кои се навистина корените за нивното драматично осиромашување. Горда Македонија, со тој слоган ќе се удираат во гради, макар ја потпишале сопствената пропаст.

Текстот е сопственост на 25 минути

Биљана Секуловска Бугари ЕУ Мицкоски Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.