Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој им ги пишува соопштенијата на сдсм!?

0
By Marta Pesevska on January 29, 2023 ВЕСТИ, КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Понекогаш ми се чини дека триесет години седам на исто место, во иста кафеана, со исти луѓе.

А не е така.

Шетам, менувам кафулиња и ресторани, но промената на објектите не ми го менува впечатокот дека не се мрдам од место.

Седнувам со различни луѓе, во вакви и онакви друштва, но со сите правам ист муабет.

И тие секој ден си ја подгреваат вчерашната манџа од познати работи.

Кафеанскиот муабет е автоматизиран и бескрајно банализиран.

Без најмали траги од мисли.

Кога ќе се обидам да кажам нешто паметно сите почнуваат да си гледаат во куровите или ја викаат келнерката и одат на веце.

Идеално злосторство.

Мислата е протерана од кафулињата.

И од поширокиот јавен простор.

Кафулињата се тука метафора за јавноста.

И за културата која се топи како мраз на рингла.

Кружат неколку фрази, сврзниците тандара-мандара и уште некои, јебо те бог, да речеме, пар класифицирани досетки, по некој виц…

Три теми: владата, опозицијата, градот и катастрофата на државата.

Во обединувачката обланда на корупцијата, моралниот крах, пљачката, неуреденоста.

И прелив од чоколадна депресија: не нѐ бива.

Хахаха!

Општа кукуњавштина.

На луѓето кои не работат ништо.

Чувствата се исто така анестезирани.

Фразите и вербалните рефлекси, сврзниците и штосевите ги имаат избркано чувствата од кафеаните.

И од луѓето, нормално.

Сѐ зуи како во кошница со пчели.

Нема индивидуалност.

Препознатливост.

Сѐ е стопено во некаква меласа од здробени луѓе.

И така, додека размислувам дали воопшто да одам в град и да продолжам со бесмислениот ритуал и рутина или да си седам дома и да слушам убава музика и да ја читам дебелата биографија на Сузан Сонтаг од Бенџамин Мозер (Пулицер за 2020), на екранот на таблетот ми се појави последното соопштение на сдсм како порврда на моите кафеански чувства и согледби во една друга сфера.

Христијан Мицкоски е политичар без став и визија за стратешките прашања и делува против интересите на државата и на граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.

Добро, во принцип, против интересите на државата и на граѓаните, може да се делува и без став и визија, но, поточно  е ако се каже дека одамна не сум сретнал во една реченица волкава суводолуца од зборови кои ја уриваат и носат со себе сета смисла.

Значи, Мицкоски има став и визија и тој став и таа визија се содржани во вториот дел од првата реченица на последното соопштение на сдсм.

Во кое владејачката партија се демантира самата себе.

Односно покажува загрижувачко отсуство на мисла, став и визија со кои би можела квалитетно да ја комуницира јавноста.

Рафалите со кои продолжува изживувањето врз смислата и врз стварноста продолжува и во втората реченица на феноменалното соопштение во која се вели: Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стануваат заложник на популистичките политики и потпалувачките реторики на Левица, кои се испречуваат на европскиот пат на државата и се натпреваруваат со нив во штетното политичко делување.

Добро, која е сега таа референца која во очите на сдсм треба да ги дисквалификува вмро и Мицкоски како балвани кои се испречуваст на европскиот пат на државата и се натпреваруваат во штетното политичко делување.

Која е таа Левица?

Од соопштението разбираме дека тоа е некој субјект кој треба да се факторизира преку моќта да ги манипулира и инструментализира вмро и жмицко, а жмицко и вмро да ги дистанцира од балванската контрареволуција во која не се или можеби не би биле да не се штетните влијанија на таинствената Левица.

Вмро и Мицкоски во визијата на сдсм станале жртва на лошото друштво, на улицата, не ги слушале родителите и учителите и сега што?

Врзете се, затоа што ќе ја цитирам Третата реченица од Евангелието по сдсм:

И милитаристичките изјави на претседателот Мицкоски на ВМРО – ДПМНЕ, и тоа во делот каде што тој кажува како бил доброволец и победувал во војна, покажуваат дека тој е заложник на Апасиев.

Добро, ќе ја прескокнеме очигледната несмасност во изразот „претседателот Мицкоски на вмро-дпмне“ и ќе кажеме дека милитаристичките изјави на Мицкоски и на вмро-дпмне политички го дисквалификуваат и Мицкоски и неговата партија затоа што се милитаристички и затоа што се опасни за Македонија, затоа што навестуваат многу опасни разврски, а можеби и заплетки на ситуацијата во Македонија, а не затоа што го прават заложник на Апасиев.

Зошто сдсм види толкава сметка за тоа чив заложник е Мицкоски?

Можеби сака да го ослободи од тоа заложништво и да го врати на вистинскиот пат?

Океј, тоа е така трогателно, одговорно, солидарно, хумано, немам зборови.

Четвртата реченица ни кажува дека нашите сомнежи се основани.

Вели вака:

Концептот на Левица и нивниот заложник ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во изолација од европските текови, назад во минатото.

Значи, концептот на Левица ја води државата во изолација од европските текови, назад во минатото.

Вмро-дпмне-не, односно, само како заложник.

Како жртва.

Не знам, сакам да верувам дека во сдсм имаат некои информации што јас ги немам, а ги немаат и нивните симпатизери.

Левица ќе нѐ враќала во минатото.

Па тоа е мошне привлекателно за голем дел од граѓанството.

Мислам минатото.

Југославија и тоа.

Хахаха!

Но, јас имам чуено дека таа накупина идијота сака да ја врати Македонија во едно друго минато: Руското минато на нквд, лубјанки, гулази и архипелази…

Говњари.

Се поставува следново прашање: Зошто сдсм не го земе во заложништво вмро-дпмне, сосе лидерот Мицкоски?

Ако се толку поводливи колку што мислат во сдсм.

Па си мислам, можеби и ќе го земат.

Во рамките на Фронтот за европска Македонија.

И во владата.

Да, да, да….

Соопштението завршува великолепно:

СДСМ од друга страна е предводник на концептот за европска Македонија и придвижување на нашата држава во семејството на европските држави, бидејќи нашите граѓани, сегашни, идни генерации заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, меѓутоа дома во нашата држава, а не во туѓина, потенцираат од партијата.

Не се сомневам во генералната ориентација, но во нејзиното остварување мора да се внесе  повеќе смисла за модерна комуникација со јавноста, повеќе знаење, повеќе шарм, повеќе кавга, повеќе смеа и исмејување, подјебавање, повеќе дух кој ќе ги дразни ганглиите на отупавениот граѓанин и гласач, не е доволно да се биде нормален, а за „ненормален“, како во оваа соопштение, да не правиме муабет.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. | Извор: FRONTLINE
ВМРО-ДПМНЕ вредности ЕУ комуникации со јавноста Левица СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.