Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој ќе го избере македонскиот судија во Стразбур?

0
By Нова ТВ on May 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најдоцна до 15 мај, Министерството за надворешни работи на Македонија ќе треба до Советот на Европа да достави листа од тројца кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права.

Таму, членови на Меѓународниот советодавен панел на експерти првично ќе ги разгледаат квалификациите на понудените кандидати, по што ќе достават мислење до македонската Владата пред списокот  конечно да биде испратен до Парламентарното собрание на Советот на Европа.

За избор на кандидати за оваа престижна функција МНР ќе треба да спроведе фер процедура преку јавен повик на кандидати. Во согласност со Европската Конвенција за човекови права, кандидатите треба да поседуваат висока морална карактеристика и неопходни квалификации за вршење на високи судски функции. Дел од условите се и да имаат најмалку 8 години судски стаж или 12 години правно искуство, да бидат редовни или вонредни универзитетски професори и активно да го владее францускиот и англискиот јазик.

Откако Собранието ќе ја добие листата на кандидати, посебна комисија на пратениците со правно искуство ги интервјуираат кандидатите поединечно лично, ги проверува нивните биографии и оценуваат дали тие се квалификувани за судии.

Доколку кандидатите го поминат овој филтер, Собранието  составено од 324 парламентарци апликантите ги става на тајно гласање за време на пленарна седница, а избраниот кандидат добива мандат за судија од девет години.

Доколку кандидатите добијат негативна оценка, се бара државата да достави нова листа. За сегашниот избор, нова листа од земјите од регионот е побара само од Хрватска, додека за претходниот избор на судии нова листа била побара и од Бугарија.

Дали предложените кандидати од Македонија ќе бидат прифатени ќе се знае до 15 јули. Мислењето на Меѓународниот советодавен панел на експерти за кандидатите од Македонија се очекува до 15 јули. Во зависност од нивната проценка Владата ќе ја утврди конечната листа на кандидати која ќе се достави до  Парламентарното мнозинство на Советот на Европа.

Од МНР велат рано е да се прогнозира за оценките од Советот на Европа.

„Комисијата деновиве треба да закаже состанок и ќе одлучува кои кандидати за европски судии ќе ги предложи Македонија.“ велат за НОВА од МНР.

За идните судии во Стразбур ќе одлучува Комисија за избор на кандидати, чиј претседател е министерот за надворешни работи Никола Поповски (економист).

Освен Поповски, членови на Комисијата се Вангелина Маркудова – уставна судијка,  Зоран Караџоски од Судскиот Совет, Зоран Сулејманов од Советот на јавни обвинители, Илија Ристевски – државен секретар во Министерството за правда и  Илбер Села – професор на Универзитетот на  Југоисточна Европа во Тетово.

Комисијата најверојатно ќе се состане неделава, по што ќе се утврдува кои тројца кандидати ќе се предложат до Советот на Европа.

Поранешната судијка во Стразбур – Маргарита Цаца Николовска вели дека за Комисијата да одлучува, мора да биде добро запознаена со праксата на Европскиот суд за човекови права.

-Не знам колку членовите на Комисијата се запознаени со праксата на Европскиот суд за човекови права, но државата преку таа Комисија си одлучува. Државата мора да води сметка Комисијата да биде од таков тип, а кандидатите  освен да се солидни правници и да познаваат јазици, треба да имаат познавање не само за принципите на демократијата, туку и познавање од Европската Конвенција за човекови права и праксата за Стразбур. Потенцијалните кандидати ќе бидат интервјуирани пред Советот на Европа по што ќе се знае дефинитивната оценка, вели Цаца Николовска.

фото: Маргарита Цаца – Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права

Дел од медиумите објавија дека досега на конкурсот аплицирале 15 лица, меѓу кои Претседателката на Врховниот суд на Македонија Лидија Неделкова, Јавниот обвинител за гонење организиран криминал Јован Илиевски (баџанак на екс директорот на УБК Сашо Мијалков), директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска, судијките од Основниот суд Скопје 1, Оља Ристова и Едита Насков од Управниот суд.

Од Министерството за надворешни работи не сакаа да го споделат списокот на лица кои аплицирале за оваа функција, бидејќи според нив не е коректно да се објавува листа на апликанти, додека конечниот избор на тројца кандидати велат дека ќе биде објавен за десетина дена.

Европскиот суд за човекови права е еден од најреномирани судски органи во Европа, со оглед на тоа дека е последната судска институција до која можат да се обратат граѓаните кога ќе ги исцрпат сите правни лекови во сопствената земја. Од судиите во Стразбур се очекува да постапуваат самостојно, без разлика од која земја доаѓаат.

Ова е трет избор за македонски кандидат во Стразбур, откако претходно судии во Европскиот суд за човекови права беа Маргарита Цаца Николовска и Мирјана Лазарова – Трајковска.

Македонија МНР Стразбур судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.