Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ е меѓу кандидатите за членови на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) за што вели дека е почестена од номинацијата.
„Номинацијата ме радува и почестена сум. Спортот за мене не е само страст, туку и одлична можност за промоција на основните човекови вредности, позитивен натпреварувачки дух, но и на наши извонредни спортисти“, напиша Грабар Китаровиќ на Твитер.
Покрај Колинда Грабар Китаровиќ, кандидати за членови на ИОК се уште четири лица меѓу кои и принцезата ан Саудиска Арабија.