Колинда Грабар Китаровиќ меѓу кандидатите за членови на ИОК

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ е меѓу кандидатите за членови на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) за што вели дека е почестена од номинацијата. „Номинацијата...

Регионот одбележува 35 години од ЗОИ: Кога Сараево и Југославија беа центар на светот

Главниот град на БиХ ја доби трката за организација на 14. Зимски олимписки игри во конкуренција на Сапоро (Јапонија) и Гетеборг (Шведска). Јуре Франко го освои првио и единствен медал за поранешната држава, настанот беше пресвртница во кариерите на Катарина Вит која ја претставуваше Источна Германија во уметничко лизгање, нејзиниот американски колега Скот Хамилтон и „летечкиот Финец“, Мати Никенен кој почина пред неколку денови во 55 година од животот

Неизвесност во ринг: „Виси“ олимпискиот статус на боксот

Покрај напластените финансиски проблеми, во АИБА се соочуваат и со тврдења за лажирани борби на олимписките игри во Рио де Жанеиро, а нејзиниот привремен претседател се поврзува во случај со организиран криминал. ИОК денеска ја повтори загриженоста за состојбата во меѓународната асоцијација за аматерски бокс

Одлука на ИОК по ЗОИ 2018: Симната суспензијата за Русија

Претставниците на „зборнаја“ беа ставени „под мраз“ за Игрите во Пјонгчанг поради употреба на недозволени стимулативни средства, но ИОК, сепак, дозволи настап на 169 натпреварувачи кои во Јужна Кореја настапија како „олимписки спортисти од Русија“

ЗОИ 2018: Северна Кореја со 22 спортисти во Пјонгчанг

Официјалната делегација на најзатворената држава во светот, покрај спортистите, ќе брои и 24 официјални лица. За планетарниот настан што ќе се одржува на 80 километри од „блиндираната“ граница на корејскиот полуостров ќе известуваат и 21 новинар, а договорени се и два настапа на женската музичка група „Моранбонг“ од Пјонгјанг

Спорт и политика: ИОК посакува и Севернокорејци на Игрите во Пјонгчанг

Во новогодишно обраќање, севернокорејскиот лидер Ким Џон Ун, меѓудругото, истакна дека Игрите во Пјонгчанг ќе бидат добра прилика за промоција на неговата земја, за искажување на национална гордост и со желба истите да бидат успешни

ИОК со новогодишна честитка: Доживотни суспензии за 11 руски спортисти

Мерката е изречена за двајца натпреварувач во брзо лизгање, за двајцата натпреварувачи во санкање, за тројца крос-кантри скијачи, за двајца натпреварувачи во боб и две хокеарки поради прекршување на правилата за допинг за време на зимската Олимпијада во Сочи во 2014 година, но и претходно

Бах побара суспензии за сите вмешани во системски допинг манипулации

Извештајот на професор Ричард Мекларен за првиот човек на ИОК е „фундаментален напад на интегритетот на спортот“. Во документот се вперува прст кон повеќе од 1.000 руски спортисти кои, наводно, користеле недозволени средства во период од четири години почнувајќи од 2011