НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колумна на Борел: Европа се залага за поврзување на партнерите без создавање на несакани зависности

0
By Sashko on December 10, 2021 СВЕТ
Фото: euronews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На почетокот на оваа година, ЕУ и Бразил промовираа нов кабел со оптички влакна за побрз и побезбеден пренос на терабајти на податоци меѓу нашите два континента. Ова им помага на научниците во Европа и во Латинска Америка да работат заедно на прашања од климатско моделирање до ублажување на катастрофи. Кабелот започнува во ЕУ, каде што Општата регулатива за заштита на податоците на ЕУ (ОРЗП) стана златен стандард за заштита на податоците, а завршува во Бразил, кој неодамна воведе сличен закон. Кабелот поврзува два континента, градејќи економија на податоци што ја почитува приватноста на своите граѓани. Вака Европа пристапува кон поврзувањето – зближување на партнерите без создавање на несакани зависности.

Во јуни беше потпишана уште една кредитна линија од 100 милиони евра финансирана од програмата за социо-економско закрепнување на регионот на Западен Балкан. Во Северна Македонија, овие средства, имплементирани преку ЕИБ, имаат за цел да го поддржат побрзото закрепнување на малите и средните претпријатија од економската криза предизвикана од ковид-19 преку обезбедување пристап до финансии за зголемување на продуктивноста, инвестиции во дигитализација, циркуларна економија, зголемување на конкурентноста и интеграцијата во регионалните и пазарите на ЕУ. Ова се примери на она што го нарекуваме „Тим Европа“, што ги обединува сите оние кои работат со нашите партнери за поддршка на зелената и дигиталната транзиција.

Од почетокот на мандатот во Комисијата на Фон дер Лајен, двојната зелена и дигитална транзиција во Европа беа во првите редови. Со новата „Глобал Гејтуеј“ стратегија, ЕУ продолжува да ја промовира зелената и дигитална транзиција на глобално ниво.

Во свет на меѓусебна зависност, каде синџирите на снабдување ја покажуваат својата кршливост, знаеме колку е важно поврзувањето. Видовме и како врските што нè поврзуваат, исто така, може да се користат и како оружје. Тековите на податоци, енергетските извори, ретките почви, вакцините и полупроводниците се сите инструменти на моќ во денешниот свет. Поради што треба да обезбедиме глобалното поврзување и пристапот до овие текови да се засноваат на правила и меѓународни стандарди.

Додека тековите на стоки може да бидат идеолошки неутрални, правилата што ги регулираат се испреплетени со политичките вредности. Особено во дигиталниот домен, Европа и другите демократии мора да се погрижат стандардите на иднината да ги одразуваат нашите основни вредности.

Европа сака да ги намали прекумерните зависности и да биде поавтономна во области како што е производството на компјутерски чипови. Нашата автономија е засилена доколку сите наши партнери имаат алтернативи при донесување на нивните инвестициски одлуки. Повикот и понудата на Европа до нашите партнерски земји за решавање на потребите за инвестиции во инфраструктурата е финансиски, социјално и еколошки одржливо поврзување. Без „одвишни работи„ и без „замки за долг“, туку проекти кои се одржливи и им служат на потребите на локалното население.

За Европа да го совлада предизвикот за поврзување ѝ требаат не само принципи и рамки, туку и соодветни ресурси и јасни приоритети.

Прво, ЕУ и нејзините земји-членки ќе ги користиме ресурсите на „Тим Европа“ на попаметен, поефикасен начин. „Глобал Гејтуеј“ ќе мобилизира инвестиции од повеќе од 300 милијарди евра во јавни и приватни фондови за развој на глобалната инфраструктура помеѓу 2021 и 2027 година, финансирајќи ја климата и дигиталната транзиција, како и здравството, образованието и истражувањето. Пола од инвестициите ќе ги мобилизираме со помош на буџетот на ЕУ, а другата половина укажува на планираните инвестиции од европските финансиски институции и развојните финансиски институции на земјите-членки.

Ги ремоделиравме нашите финансиски алатки за да ја обезбедиме огнената моќ што може да ги спои заемите и грантовите и да ги обезбеди потребните гаранции денес. Воведовме механизми за филтрирање на ненормално ниските тендери и заштита од понуди кои имаат корист од нарушувачките странски субвенции кои ги поткопуваат рамноправните услови на конкуренција. Исто така, ќе се погрижиме внатрешните програми на ЕУ – „ИнвестЕУ“, нашата истражувачка програма „Хоризонт Европа“ и фондот за поврзување на Европа – да го поддржат „Глобал Гејтуеј“, заедно со развојните банки на земјите-членки, националните промотивни банки и агенциите за извозни кредити.

Се разбира, капиталот од приватниот сектор ќе остане најголем извор на инвестиции во инфраструктурата. Затоа ја истражуваме можноста за воспоставување Европски извозен кредитен фонд кој ќе ги надополни постојните аранжмани за извозни кредити на ниво на земја-членка. Ова би помогнало да се обезбеди порамноправно поле за конкуренција за бизнисите на ЕУ на пазарите во трети земји, каде што тие сè повеќе треба да се натпреваруваат со странските конкуренти кои добиваат голема поддршка од нивните влади.

Второ, за приоритетите, „Глобал Гејтуеј“ идентификуваше голем број водечки проекти. Ова го вклучува проширувањето на кабелот БЕЛА до остатокот од Латинска Америка, како дел од дигиталната алијанса ЕУ-ЛАЦ; значителна поддршка за нови стратешки транспортни коридори и производство на обновлива енергија во Африка; проширување на Трансевропската мрежа за подобрување на транспортните врски со земјите од Источното партнерство и Западен Балкан и зголемено финансирање за програмата за размена на студенти „Еразмус+“ ширум светот.

Во суштина, „Глобал Гејтуеј“ е да покаже како демократските вредности нудат сигурност и правичност за инвеститорите, одржливост за партнерите и долгорочни придобивки за луѓето ширум светот.

грантови ЕУ Жосеп Борел инвестиции колумна Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.