Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комеморација за академик Ѓурчинов: Борец за слобода на уметноста

0
By Нова ТВ on July 27, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 27, 2018 14:08

Несекојдневна и исклучителна личност,  меѓу оние кои ја прифатија нужноста на промените што ги бара  историјата и кои ги поставија темелите на македонската култура, отворајќи ги нејзините хоризонти кон Европа и светот, беше речено денеска во Македонската академија на науките и уметностите, на комеморацијата за академик Милан Ѓурчинов (1928-2018).

– Ѓурчинов е еден од врвните умови на македонскиот интелектуален Пантеон. Исклучителен творец и деец кој на многу полиња оствари резултати кои остануваат ненадминати по своите вредности и значење, рече академик Влада Урошевиќ, нагласувајќи ја важната улога што Ѓурчинов ја имал во македонскиот модернизам – движење за осовременување на уметноста и за нејзино осомастојување од владејачката идеологија.

Урошевиќ истакна дека двете, како што ги нарече, крајно смели, предизвикувачки и еретички реченици на Ѓурчинов:  „Уметноста мора да биде верна на себеси. Таа не е ничија слугинка“, објавени во 1954 година во списанието „Млада литература“, имале извонредно силен одек во македонската книжевна средина и дека биле борбен лозунг на цела групација, главно, млади луѓе кои пред 65 години ја воделе битката за слободата на уметноста.

Било задоволство, рече Урошевиќ, не само да се разговара, туку и да се спори со Ѓурчинов, зашто секогаш настапувал аргументирано, а доблест што најмногу ја ценел кај него, рече, била неговата доследност.

Академик Милан Ѓурчинов има голем придонес во развојот на македонската литературана критика, одличен познавач беше на руската литература (особено творештвото на Чехов, Достоевски и Пастернак) и е заслужен за формирањето на Катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет со која се воведени нови методи во проучувањето на литературата.

Претседателот на МАНУ Таки Фити во своето обраќање истакна дека тој ќе остане запаметен како еден од најсуптилните македонски литеартурни критичари, кој внел нови, високи стандарди и европски вредности во книжевната критика која беше негова доминантна научна и уметничка преокупација.

– Акедмик Милан Ѓурчинов беше совесен и загрижен интелектуалец за состојбите и пробелмите во македонското општество и за нивниот одраз врз МАНУ, рече Фити и додаде дека Ѓурчинов негувал критички дух и кога се работи за Академијата и секогаш барал, покрај постигнатите успеси, во извештаите јасно да се идентификуваат и слабостите во нејзиното работење.

Годинава во февруари, на трибина која Друштвото на писателите на Македонија ја организираше по повод 60 години членство на Ѓурчинов, тој повика да се актуелизира прашањето за непостоењето на книжевната критика денес. Ситуацијата е многу критична во однос на критиката, рече тогаш Ѓурчинов, и треба да поразговараме што може да се стори таа ситуација да се промени.

– Секогаш сум се сфаќал како национален критичар и ако нешто сум помогнал во литературата, тоа е мојот придонес во нејзиниот развој. Не кријам дека сум за големи промени во македонската литература. Не сакам неа да ја именуваат како мала, провинцијална како што се зборува за малите народи и нивните литератури.. Не за застарена и анахронична, туку за литература која рамноправно ќе се носи со другите литератури, истакна Ѓурчинов на собирот што во негова чест пред пет месеци го организираше ДПМ.

Работениот век  тој го помина како професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Беше шеф на Катедрата за славистика и покренувач и раководител на Катедрата за компаративна книжевност. Членувал во голем број меѓународни книжевни асоцијации меѓу кои и во Президиумот на меѓународниот славистички комитет, Извршниот совет на Европското друштво за култура во Венеција, Меѓународната медитеранска академија во Неапол…

За дописен член на МАНУ бил избран во 1988, а за редовен во 1994 година. По повод смртта на Ѓурчинов, во  МАНУ денеска беше отворена книга на жалост, а до Академијата стигнале и голем број телеграми со сочувство.

Ѓурчинов комеморација МАНУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.