Високиот комесар за бегалци при Обединетите нации, Филипо Гранди, вели мигрантската криза стана глобален феномен и занемарувањето на проблемот „не е решение“, пренесува BBC.
Тој смета дека требало повеќе земји да им помогнат на неколкуте земји и да го споделат проблемот ставајќи ги на расплагање своите капацитети.
Како што потенцира Ганди, минатата година, помалку од 1 отсто од 20 милиони бегалци биле преместени во други земји.
Гранди, кој на оваа позиција дојде во јануари годинава, дополнува дека фактот што Сиријците патувале и кон Источна Азија и кон Карибите, покажува само колку кризата станала глобален проблем и затоа се потребни глобални одговори.
– Ова мора да се прошири малку повеќе, да се споделува проблемот малку повеќе бидејќи без баланс ќе се носат одлуки во паника и на крајот ќе потфрлиме при нашата одговорност да им помогнеме на бегалците, вели тој.