Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата препорача одземање на мандатот на Груевски

0
By Соња Петрушевска on November 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за мандатно имунитетни прашања со мнозинство гласови му препорача на Собранието да му го одземе мандатот на пратеникот Никола Груевски, врз основа на добиено известување од судот дека пратеникот е осуден на две годни затвор. „За“ гласаа пет члена на Комисијата од парламентарното мнозинство.

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија Комисијата. Пратеникот Трајко Вељаноски рече дека се работи за монтиран политички процес.

-Денеска се врши политички прогон. Не е докажана штетата по државата ниту материјална корист. Во тоа возило денес се возат меѓународни и домашни гости, рече Вељаноски.

 

Александар Кирацовски од СДСМ ги демантираше тврдењата на Вељаноски и рече дека „правда мора да има за сите затоа што никој не е над законите“.

Пратениците од власта кажаа дека мандатот треба да му се одземе затоа што Груевски е осуден за злоупотреба на власт, што го прави недостоен да биде пратеник. Овој случај треба да биде пример за сите функционери, рече Павле Богоевски претседател на Комисијата за мандатно имунитени прашања.

Пратениците од независната пратеничка група се изјаснија дека ќе гласаат против. Сашо Василевски рече дека во време кога се зборува за помирување на левицата и десницата, ваквиот предлог е преуранет и тие се против.

За да му се одземе мандатот на Груевски треба да гласаат 80 пратеници што парламентарното мнозинство во овој мемент ги нема.

Дури и мандатот на Груевски не му биде одземен и тој остане пратеник, тоа не го спречува издржувањето на казната затвор.

Груевски беше поканет на седницата на Комисијата, но тој не дојде.

Жалбата е последната можност за одложување

Од адвокатскиот тим на Груевски за НОВА потврдија дека завчера попладне доставиле жалба до Кривичниот совет откако претходно беше одбиена молбата со која бараа да се одложи издржувањето на казната затвор.

Со ова, тие го искористија законскиот рок од три дена што го имаа да се жалат до Кривичниот совет.

Решението на судијата дека му се одбива молбата беше доставено до адвокатите во петокот, кога беше и донесено, и од тогаш течеше тридневниот рок за жалба.

За жалбата до Кривичен Никола Груевски лично се обратил до претседателот на Собранието Талат Џафери од кого побарал потврда дека тој е член на собраниската Комисија за уставни прашања. Спикерот Џафери денеска рече дека одговорил на барањето на Груевски и до пратеникот, како што велат собраниски извори, била испратена фотокопија од „Службен весник“ дека е член на таа собраниска комисија, со потпис од претседателот на Собранието.

Адвокатите на Груевски бараат извршувањето на казната затвор да се одложи поради неодложни пратенички обврски на Груевски во Собранието каде утре ќе започне расправата по нацрт амандманите во уставната комисија. Истите причини беа наведени и кога адвокатите поднесоа молба до судија за извршување санкции, а која беше одбиена  со образложениедека „Собранието одлучува со мнозинство пратеници“ и дека присуството на Груевски не е неопходно.

Кривичниот совет сега има рок од три дена да одговори на жалбата на Груевски. Овој рок почнува да тече во моментот кога жалбата ќе стигне во Кривичниот совет. Од адвокатскиот тим на Груевски велат дека жалбата била испратена преку пошта. Во судот се очекува да стигне најдоцна денеска.

Според упатниот акт,  Груевски треба до 8 ноември (четврток) да се јави во истражниот затвор Шутка на издржување на казната. За  вечерва преку социјалните мрежи е најавен протест за поддршка на Груевски пред Кривичниот суд со почеток во 19 часот.

Поранешниот премиер Груевски беше прогласен за виновен и осуден на двегодишна затворска казна на 23 мај. Тој заедно со првообвинетиот во „Тенк“ Ѓоко Поповски поднесоа жалба до Апелацискиот суд Скопје, кој ја одби како неоснована жалбата на Груевски, а делумно ја прифати жалбата на Поповски и му ја намали казната затвор на четири години и шест месеци. Во предметот „Тенк“ осудена е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на шест години затвор.

 

 

Вељаноски Груевски Кирацоски комисија мандат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.