Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисиска расправа: Првиот амандман прифатен, се дебатира за вториот

0
By Нова ТВ on November 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Историскиот контекст е целосно сочуван, а правото на самоопределување е признаено од Грција. Подготвен сум да ја платам политичката цена, но тоа е вредно за Македонија. Длабоко сум убеден дека ќе осигураме иднина за генерациите кои доаѓаат, им порача премиерот Зоран Заев на пратениците на денешната дебата по нацрт-амандманите на Уставот на Република Македонија.

Во репликите на пратениците по вториот нацрт-амандман за кој се расправа на собраниската Комисија за уставни прашања, премиерот Заев истакна дека нема да има друг и подобар договор и оти двете страни добиваат од договорот.

– Веројатно историскиот момент и можноста од грчка страна да има соговорник се поклопија за да се донесе одлуката. И тука според мене е моментот кога го прекршувате личниот и партискиот интерес во однос на државните интереси, истакна Заев.

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ предложи во Преамбулата на Уставот да бидат внесени уште три документи и тоа Уставот на Република Македонија од 1991 година, како и востаничкиот устав од Кресенското востание и првиот устав на ТМОРО.

Алијансата за Албанците и движењето „Беса“ и денеска повторија дека отворањето на уставните измени е добар момент да се разговара за сите отворени прашања и предложија Македонија во Преамлбулата да се дефинира како мултиетничка држава.

–  За жал, првата реченица од Преамбулата дава лош сигнал. Јас не сум граѓанин кој живее во Република Македонија. Јас сум Албанец кој живее и ќе живее во иднина и верувам дека вака е за сите други народи. Наш предлог е во Уставот да се избрише делот каде пишува „граѓаните кои живеат во нејзините граници“ и по македонскиот народ да се додаде формулацијата „албански народ, влашки народ, српски народ, бошњачки народ“…… Со ова Македонија ќе биде поправедна и ќе ги застапува подеднаво сите граѓани, рече Зијадин Села од Алијанса за Албанците.

На ова реплицираше премиерот Заев кој истакна дека може да се разговара за квалитетот на постигнување на еднаквоста, но оти комплетната еднаквост во делот на формулацијата не е до крај оправдана затоа што постојат национални држави како Албанија, Босна и Херцеговина, Србија….

– Да се избрише делот од реченицата „како и граѓаните кои живеат во нејзините граници“, оди во друга крајност. Мораме да признаеме дека постојат национални држави како Албанија, Србија, Турција, Босна и Херцеговина, а ова е Република Македонија која со уставните измени ќе биде Република Северна Македонија, појасни Заев.

Во вториот нацрт-амандман се предлага одлуките од АСНОМ да се заменат со прогласот од АСНОМ и да се внесе Охридскиот рамковен договор.

Комисијата за уставни прашања веќе го прифати првиот од четирите нацрт-амандмани со кој се предвидува замена на зборот Република Макеоднија со Република Северна македонија секаде во уставот, освен во членот 36 каде има историски аспект.

амандмани втор ден дебата Уставна комисија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.