Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комората му ја одзеде лиценцата на гинекологот Дамчевски на 7 години

0
By Менче Атанасова Точи on November 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ваквата одлука на вторстепениот совет на Судот на честа е конечна и Дамчевски нема право на жалба

Лекарската комора му ја одзема лиценцата за работа на гинекологот Николче Дамчевски, кој девет месеци лажел пациентка дека е бремена, а при тоа и давал и терапија со што го загрозил нејзиното здравје. Ваква одлука донел второстепениот совет при Судот на честа на Лекарската комора на седница одржана на 23.11.2017 година кој одлучувал по жалбата на Дамчевски, против одлуката на Првостепениот судски совет при Судот на честа со која времено му се одзема лиценцата за работа во траење од седум години.

„Членовите на Второстепениот совет ја разгледа жалбата и наводите во неа и донесоа одлука со која ја потврдија обжалената одлука која беше донесена во прв степен пред Судот на честа. Со неа д-р Николче Дамчевски е прогласен за виновен во постапка за случајот кога лекувал и спроведувал постапки на биолошко потпомогнато оплодување на пациентка, ја водел како бремена, иако таа не била. Во целиот период на т.н бременост докторот ја следел, ја информирал за напредокот на бременоста, ординирал терапија за одржување на бременоста се до наводниот термин за породување кога и соопштил дека воопшто не пости бременост. Со наведените дејства, како што оцени Судот на честа, докторот ги прекршил одредбите од Кодексот на медицинска деонтологија и му се изрече мерка времено одземање на лиценцата за работа во траење од 7 години“, се вели во соопштението на Лекарската комора.

Ваквата одлука на второстепениот Совет на Судот на честа е конечна и Дамчевски нема право на жалба. На одлуката на простепениот и второстепениот Совет на судот на честа претходеше сослушување и соочување на двајцата, гинекологот и пациентката. Дамчевски од пациентка е обвинет дека девет месеци ја лажел дека е бремена и и давал непотребни лекови и хормони, а на сослушувањето пред Судот на честа постојано тврдел дека тоа го правел за добро на пациентката.

Откако НОВА ја објави сторијата за гинекологот Дамчевски кој девет месеци лажел пациентка дека е бремена и Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка против обвинетиот гинеколог кој во периодот од месец септември 2015 до април 2016 година презентирал состојба на лажна симулирана бременост на пациентка, врз која претходно спровел биолошки потпомогнато оплодување.

Обвинителството побара од судот до завршување на судскиот процес на гинекологот да му одреди мерка забрана за напуштање на државата, да му биде одземен пасошот, како и обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган. На гинекологот му се заканува затворска казна од една до десет години.

Гинекологот Дамчевски подолго време е суспендиран од работа на Клиниката за гинекологија. Тој на Клиниката беше вработен и покрај бројните укажувањата и на други пациентки дека истото се случавало со нив, како и за финасиски малверзации при што не им издавал фискални сметки, ниту постоело медицинско досие.

 

гинеколог лиценца
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.