Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кон обновата на Украина

0
By Marija Todorovska on June 23, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 23, 2025 16:05

Штетата предизвикана од руската војна продолжува да расте, но Украинците покажуваат значителна издржливост: Украина мора да продолжи со зголемување на производството на високотехнолошки производи, интеграција во европските производствени синџири, активирање на инвестиционата активност и развој на индустрискиот сектор преку модернизација и иновации.

Лариса Дир

Секојдневно рф нанесува непоправливи загуби, убивајќи Украинци и предизвикувајќи штета на инфраструктурата и животната средина на Украина. Одбивајќи ги сите мировни предлози, русија не само што продолжува со ракетирање на украинските градови, туку и упатува закани до други странски држави.

Јасно е дека за да се принуди рф на мир, мора да се зголеми притисокот и да се воведат построги санкции што би ја намалиле способноста на кремљ да ја финансира војната и би ја ослабиле економската база на рф. И не само економската база на рф, туку и на оние кои ѝ помагаат да ја продолжи агресивната војна (Украина ја цени позицијата на Северна Македонија која се приклучува на санкциските пакети на ЕУ).

Санкциите треба најмногу да ги погодат банкарскиот и енергетскиот сектор на рф. Особено ефикасно би било значително намалување на цените на нафтата, што ќе предизвика проблеми со полнењето на рускиот буџет – буџет кој финансира убиства и разурнување во Украина.

русите треба да немаат пари дури ни за чизми, со кои ја валкаат украинската земја – а можеби така ќе ги спасат и сопствените нозе од украинските дронови.

Украина се брани и ќе продолжи да се брани.

Украина се обновува и ќе продолжи да се обновува.

Дури и за време на оваа неиспровоцирана агресија од страна на рф.

Вкупната проценета вредност на обнова и реконструкција на Украина во наредната деценија, според Владата на Украина, Групата на Светска банка, Европската комисија и ОН, изнесува 524 милијарди американски долари. Во објавената проценка се наведува дека директната штета достигнува 176 милијарди долари.

Најголема штета имаат претрпено: станбениот сектор, транспортот, енергетиката, трговијата, индустријата и образованието.

Најпогодени се економските сектори во Донецката, Харкивската, Луганската, Запорижската, Херсонската и Кијивската област.

Особено треба да се нагласи дека лани штетата на украинското земјоделство (вклучително и последиците од уништувањето на Каховската брана од страна на русија) се проценува на над 80 милијарди долари.

Посебно важно прашање е хуманитарното деминирање на Украина, за кое се проценува дека ќе чини околу 40 милијарди долари.

Владата на Украина воспостави институционален механизам и спроведува реформи за подобро планирање и реализација на напорите за обнова. Исто така, Украина очекува привлекување странски инвестиции, а еден од ресурсите за обнова треба да биде и конфискацијата на замрзнатите руски средства.

Поради целосната инвазија од страна на рф, Украина претрпува разорни последици врз економскиот развој – уништени се производни капацитети, инфраструктурни објекти, ограничена е економската активност во зоните на борбени дејства, како и постојаната закана од воздушни напади на целата територија на Украина.

Сето ова ги отежнува перспективите за економско закрепнување. Штетата предизвикана од руската војна продолжува да расте, но Украинците покажуваат значителна издржливост: Украина мора да продолжи со зголемување на производството на високотехнолошки производи, интеграција во европските производствени синџири, активирање на инвестиционата активност и развој на индустрискиот сектор преку модернизација и иновации.

Во екстремно тешки воени услови, Украинците се соочуваат со многу тешка задача – обезбедување економска безбедност. Помошта од партнерите, секако, е високо ценета.

Украина ги користи сите меѓународни платформи за создавање на одржливи механизми за обновување.

Им изразуваме благодарност на сите партнери кои редовно учествуваат на Ukraine Recovery Conference, која оваа година ќе се одржи во Рим (10–11 јули 2025). Имаме голема надеж за продолжување на учеството на Северна Македонија во овој меѓународен формат на високо ниво.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

Лариса Дир Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.