Дел од владините коалициски партнери со активности на партиските тела викендот. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во недела напладне (12 ч.) во хотелот „Александар Палас“ го закажа 23. Конгрес на кој една од темите ќе бидат и претстојните претседателски избори и поддршката за Стево Пендаровски како консензуален кандидат.
Во исто време, пак, во партиските простории во Мала Речица, лидерот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) го свика Централниот совет. На дневен ред ќе бидат претседателските избори, конгресот на младината на интегративците, конгресот на форум на жени на партијата и регистрација на членството.