Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое, за жал, било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода. 

Полицијата вчера добила неколку пријави од граѓани дека во напуштена зграда во Дебар Маало има коњ на тераса од стан, по што била организирана спасувачка акција.

Од Зоолошката градина информираат дека коњот синоќа бил згрижен кај нив.

– Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое, за жал, било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода. Доцна вечерта коњот беше пренесен во Скопје ЗОО каде што ќе му обезбедиме ветеринарна грижа и најдобра нега. Апелираме да не се измачуваат овие најпрекрасни животни и што поскоро да се направи план на централно ниво за што поголема благосостојба на коњите, велат од скопската Зоолошка градина.