Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски штотуку ги констатираше оставките на министрите и замениците од редовите на СДСМ. Со беџови „протестирам“ пратениците од опозицијата предводена од СДСМ во моментов учествуваат на седницата. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески му порача на техникиот премиер Емил Димитриев дека ВМРО ДПМНЕ ја турка државата во погубно сценарио.
„Оставките на нашите министри беа условени да стапат во сила по распуштање на Парламентот. Вие ги констатирате со враќање на Парламентот. Мнозинството на Никола Груевски и Али Ахмети насилно ги врати старите министри. Претходно со попел се посипа и Уставниот суд. На ваша одговорност е се што се прави“, порача Сугарески.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски рече дека иако не се согласуваат со одлуката на Уставниот суд ќе ја почитуваат, се со цел СДСМ да не ја вовлече Македонија во хроничен хаос.