Во 01.50 часот, пак, во угостителски објект во с.Жеровјане, тетовско, од слобода биле лишени четири странски државјанки – К.И.(29) од Република Бугарија, Д.К.(32) од Република Србија, А.Х.(24) од Русија и М.Н.(26) од Република Србија, затоа што го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта.

Во периодот од 22.50 часот на 10.11. до 01.00 часот на 11.11.2021, полициски службеници на СВР Тетово, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Одделение за прекуграничен криминал и миграции  во содејство со Трудов инспекторат извршиле акциски контроли во три угостителски објекти на подрачјето на Тетово.

Притоа, во 00.30 часот во угостителски објект во с. Горно Седларце, тетовско, биле приведени  А.К.(34) и Е.К.(37), двајцата од Република Албанија, поради илегален престој во Република Северна Македонија и неносење дозвола за престој. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 01.50 часот, пак, во угостителски објект во с.Жеровјане, тетовско, од слобода биле лишени четири странски државјанки – К.И.(29) од Република Бугарија, Д.К.(32) од Република Србија, А.Х.(24) од Русија и М.Н.(26) од Република Србија, затоа што го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.