Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конзервативците попладне ќе гласаат за недоверба на Тереза Меј

0
By Нова ТВ on December 12, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 12, 2018 11:20

Конзервативните пратеници денеска ќе гласаат за недоверба на лидерката на партијата и премиерка на Велика Британија Тереза Меј.

Гласањето за позицијата на Меј доаѓа откако 48 пратеници од Конзервативната партија, бројка неопходна да се покрене гласање, испратија писма до претседателот на одборот кој е одговорен за раководството на партијата.

Меј, која стана премиерка кусо време по референдумот за напуштање на Европската унија во 2016 година, се соочи со критики во партијата за нејзиниот план за Брегзит.

Би-Би-Си јави дека сé уште не е познато колку брзо ќе се објави резултатот од гласањето.

Ако победи на гласањето, Меј најмалку една година нема да се соочи со ново гласање недоверба.  Доколку и изгласаат недоверба, ќе има избор за лидер на Конзервативната партија на кој таа нема да може да учествува.

Можно е и Меј да победи со тесен резултат, по што таа може да одлучи да поднесе оставка како лидерка на партијата.

Со оглед на тоа што Конзервативната партија е најбројна партија во британскиот Парламент, партискиот лидер вообичаено е премиер на земјата.

Меј денеска изјави дека е подготвена да се справи со гласањето со сите аргументи.

Кон крајот на ноември, кога конзервативните пратеници почнаа да ги поднесуваат писмата за гласање недоверба, Меј изјави дека нејзината смена нема да ги олесни преговорите за Брегзит. Таа тогаш нагласи дека не размислува сама да поднесе оставка.

Меј: Новиот лидер нема да може да го исполни рокот за Брегзит

Таа рече дека евентуалниот нов  водач ќе мора да го продолжи рокот за излез на Велика Британија од Европската унија, а можно е и да го откаже целиот процес на Брегзит.

– Новиот лидер нема да може да дојде на функција до истекот на законскиот рок на 21 јануари, така што изборот на ново раководство ризикува контролата врз преговорите за Брегзит да ја предаде во рацете на опозициските пратеници во Парламентот, изјави Меј во обраќање во Даунинг стрит откако пратениците на нејзината партија за вечерва најавија гласање за недоверба.

Според премиерката, новиот лидер не би имал време повторно да преговара за договорот за повлекување на Велика Британија од ЕУ и да издејствува усвојување закон за тоа во Парламентот до 29 март кога Британија треба да ја напушти Унијата.

– Затоа еден од првите чекори (на новото раководство) би морало да биде продолжување или откажување на активирањето на членот 50 што значи и одложување или дури откажување на Брегзит во момент кога народот сака да продолжиме со тоа, објасни премиерката.

Во исто време таа истакна дека „ќе се бори со се што има“ за да остане на власт, а воедно ги повика и партиските колеги да ја поддржат.

– Повлекување во кризни времиња би ја довело во опасност иднината на земјата и би создало неизвесност во момент кога тоа најмалку можеме да си го дозволиме, нагласи Меј.

Ако загуби на гласањето, Меј ќе остане лидер на партијата и премиерка додека не се избере нејзин наследник, а ако победи – најмалку една година нејзината функција не може да биде доведена во прашање.

Во меѓувреме, британскиот министер за правда Дејвид Гок денеска изјави дека Британија мора да го одложи излегувањето од Европската унија ако конзервативните пратеници изгласаат недоверба за партиската функција на Меј.

– Кога станува збор за преговарање за кој било вид аранжман со ЕУ мислам дека е неминовно ако таа загуби на гласањето вечерва, да се одложи  активирањето на членот 50, изјави Гок и додаде дека не верува оти Британија ќе ја напушти ЕУ на 29 март следната година.

Претседателот на таканаречениот Комитет 1922 на конзервативната партија, кој е одговорен за раководството на партијата, Греам Брејди изјави дека е надминат прагот потребен за иницирање гласање за недоверба. Гласањето ќе се оддржи меѓу 18 и 20 часот во Долниот дом во Британскиот Парламент а резултатите ќе бидат објавени во најкус можен рок, информира Брејди.

Според него, Меј не била изненадена од ваквиот потег на нејзините сопартијци и сакала тоа брзо да се оддржи.

На прашањето како реагирала Меј кога синоќа и се јавил и и го најавил гласањето за недоверба, Брејди за Радио Би-Би-Си изјави дека „звучела деловно и нестрпливо сето тоа што побрзо да се одржи“.

– Според мене, јасно е дека тоа е во интерес на земјата, како и на Владата и Конзервативната партија, заклучи претседателот на Комитетот на Конзервативната партија кој го организира гласањето.

– Слабоста на британската премиерка Тереза Меј целосно ја блокира Владата во овој критично важен момент за земјата, изјави претседавачот на опозициската Лабуристичка партија Јан Лејвери.

– Договор за Брегзит на премиерката, кој не е добро обмислен, нема поддршка од нејзиниот Кабинет, од партијата, од Парламентот или од земјата. Внатрешните поделби во Конзервативната партија претставуваат закана за работните места и животниот стандард на луѓето, изјави тој.

гласање Меј партија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.