Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Координација за формирање на телото за помирување и интеграција

0
By Нова ТВ on November 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 6, 2018 08:18

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска ќе одржи координација со потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии што не се организирани во пратенички групи, со една точка на дневен ред – формирање  „Интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција“.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во телото за помирување, затоа што сметаат дека правдата не треба да биде селективна, туку сите што се вмешани во настаните од 27 април 2017 да бидат амнестирани. Тоа беше и еден од заклучоците на координацијата на нивната пратеничка група која ја одржаа вчеравечер.

Никола Мицевски

-Нема да учествуваме во Коодинативното тело за помирување затоа што  сè уште немаме содржина на она што би требало да се случува, и според нас тоа е селективноста во правдата која во изминатиот период ја гледаме. Доколку тоа координативно тело донесе заклучоци, одлука или каков било начин за ослободување или решение на проблемите на сите инволвирани од 27 април, ние како пратеничка група ќе го поддржиме тој процес, одлука, закон или што било, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Собранието утре ќе почнат и комисиските расправи за нацрт-амнадманите за измени на Уставот, и за предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој според судско решение најдоцна  задутре треба да се јави за издржување двегодишна затворска казна по пресудата за „Тенк“.

Нацрт-амандманите за уставни измени, кои Владата во петокот ги утврди и му ги достави на Собранието, утре се на дневен ред на Комисијата за уставни прашања. По однос на ова, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како што соопшти нивниот координатор Мицевски, „ќе дебатираат жестоко за да ги разобличат сите уставни амандмани и она што се случиува во Македонија“.

За предлогот за одземање на мандатот на Груевски, пак, утре ќе заседава Комисијата за деловнички и мандатно-имунитени прашања. Неговите сопартијци сметаат дека процесот е политички и својот став ќе го искажат во Собранието.

-Согласно законот, се знае кога и како се одзема мандатот на пратениците. ВМРО-ДПМНЕ утре ќе го соопшти својот став по однос на оваа комисија. Ќе видиме како ќе настапат и другите пратенички групи, додаде вчера Мицевски.

координација Тело за помирување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.